ВИШ ИНСПЕКТОР БЕНКС

Нова британска крими-серија

 Виш инспектор Бенкс  е нова британска крими-серија на Pickbox NOW и сите 5 сезони ќе бидат достапни од 18-ти септември. Жанровски опишана како криминалистичка драма со елементи на мистерија, оваа британска серија е заснована врз популарните романи на канадскиот писател Питер Робинсон.

Во главната улога е Стивен Томпкинсон како непоколебливиот и тврдоглав Алан Бенкс, виш инспектор што се занимава со решавање на луди и вознемирувачки злосторства. Во тоа му помагаат неговите помошнички Ени Кабот (Андреа Лоу)  и Хелен Мортон (Каролин Кац).

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Серијата се заснова на четири продолженија на романот на Питер Робинсон и секоја приказна носи нов комплексен заплет.

Во првата сезона, заснована на романот  Последици,  вишиот инспектор Бенкс почнува шокантна истрага за фаќање брутален сериски убиец на млади жени.




Втората сезона, заснована на приказната  Играње со оган, две тела се најдени по пожар на брод. Бенкс и неговата помошничка Кабот се на трагата на пироман што убил две лица.

 Пријател на ѓаволот  раскажува приказна за еден млад студент што е нападнат среде градот, а во друг дел на Јоркшир е заклана една жена. Двете навидум различни убиства имаат загрижувачки сличности.

 Студен е гробот  се занимава со случај што е застрашувачки близок до Бенкс и неговото милје. Имено, шефот на Бенкс, надзорникот Гери Ридел, го бара за да ја најде неговата исчезната ќерка тинејџерка.

НЕОБИЧНИ И ДОБРО КОНСТРУИРАНИ ПРИКАЗНИ

Овие приказни се вистинско богатство – ќе ве одведат во свет на интелигентни детективски истражувања на вознемирувачки злосторства, откривајќи малку по малку, а неверојатните пресврти нема да ве остават рамнодушни. Покрај необичните и добро конструирани приказни, критичарите ја пофалуваат и глумата на главните актери Стивен Томпкинсон и Андреа Лоу.

Гледајте ги веднаш сите пет сезони на британската крими-серија „Инспектор Бенкс“ на Pickbox NOW!