Враќање во живот (Back to Life)

нова британската комедија

Back to Life(2019) е нова британска комедија која се занимава со тематиката на излегувањето од затвор и обидот за нов почеток. Сценариото за оваа духовита, интелигентна и забавна серија со по малку црн хумор го напиша брилијантната Дејзи Хагард (Episodes, Uncle) во соработка со наградуваната писателка Лора Солон. Дејзи Хагард ја толкува и главната улога на Мири. Тоа е приказна за една емоционално оштетена жена на триесет и нешто години и за нејзината потрага по искупување.

ОСЛОБОДЕНА ОД ЗАТВОР, ОСУДЕНА НА ЖИВОТ ВО МАЛ ГРАД

Хагард ја толкува улогата на Мири која тукушто е пуштена на слобода од затворот во кој ги минала последните 18 години поради тешко злосторство. Имено, Мири пред 18 години ја убила својата најдобра пријателка. Иако е обвинета за тешко злосторство, Мири и понатаму успева да предизвика сочувство и симпатии кај гледачите.

Сега, во доцните триесетти, без работа и пријатели, таа нема избор освен да се пресели назад кај своите родители. Мири очајнички сака да продолжи со својот живот и да заборави на минатото, но во малиот град каде што нејзиното злосторство е најдраматичната работа што некогаш се случила, дали некој ќе ѝ дозволи да продолжи понатаму?

НЕОБИЧНА ПРЕМИСА ЗА КОМЕДИЈА

Back to Lifeсе заснова на необична премиса за комедија, ваков тип на серија лесно би можел да биде драма. Особено затоа што сценаристките вистински сакаат да ја истражат психолошката состојба на главните протагонистки, што ја збогатува оваа комедија. Поради тоа што се вратила дома, Мири има две лица –со родителите се однесува како тинејџерка, а постерите од Боуви сѐ уште висат во нејзината соба. Со надворешниот свет, Мири комуницира преку маската која ја крие нејзината ранливост. Сепак, Мири е лик кој никого нема да го остави рамнодушен и кој веднаш ќе ве освои.

Брилијантната нова британска комедија Back to Life гледајте ја веднаш на Pickbox NOW!