Ни малку обичен ситком

Вистинските О’Нилови (The Real O'Neals)

Вистинските О’Нилови е нова хумористична серија на Pickbox NOW. Гледајте ги веднаш двете сезони на овој нов ситком!

Секој во семејството има тајна

Серијата ги следи животите на навидум идеалното ирско-американско католичко семејство од Чикаго. Но секој во семејството има тајна, а кога едни со други си ги кажуваат своите вистини, настанува семејна динамика која ќе ги промени нивните животи. Најголемите промени ги носи веста дека родителите Ајлин (Марта Плимптон) и Пет (Џеј Р. Фергусон) не се сакаат веќе и планираат да се разведат. Но ни нивните деца не се идеални католички деца. Средното дете, Кени (НоаГалвин) е хомосексуалец, што е во спротивност со традиционалните вредности на О’Нилови, најстариот син Џими (МетјуШајвли) е анорексичен, а најмладата Шенон (Биди Вуд) е клептоманка и можеби атеистка.

Мајката на чело

Популарната актерка Марта Плимптон (Воспитување за почетници, Добра жена, Како да успееш во Америка) е одлична во улогата на мајката Ајлин. Таа е тврд орев и е најсилниот лик во серијата. Ајлин е традиционална и со цврста рака, но сепак е многу симпатична и духовита, а на гледачите ќе им биде тешко да не навиваат за неа.

Сосема необичен ситком

Под маската на еден сосема обичен ситком со семејните проблеми како тематика, „Вистинските О’Нилови“ всушност претставува мошне смела, свежа и духовита серија. Таа се занимава со помрачни теми за односот помеѓу верата и сексуалноста, а секоја тема во поединечните епизоди е многу сериозна, на пример, првиот секс, училишното насилство или преиспитувањето на постоењето на Бога. Сепак, сето тоа е прикажано весело и енергично, што во оваа хумористична серија одлично функционира.