Најубави љубовни приказни

Нови романтични филмови + шпанска серија за Денот на вљубените

Денот на вљубените се наближува, а на домашната стриминг услуга Pickbox пристигнуваат многу нови романтични филмови за Денот на вљубените. Од 11.2.2019 на Pickbox пристигнуваат повеќе од десет романтични комедии и љубовни приказни, како и една шпанска романтична кратка серија – „Lo que escondian sus ojos“ (2016). Освен романтиката, пристигнуваат и супер филмови како техно-трилерот The Circle“ (2017) со Ема Вотсон и со Том Хенк во главните улоги. Без разлика дали сте сами или со својата подобра половина, ви препорачуваме еден куп љубов во облик на супер филмови и серии со кои ќе можете да се засладите на овој Ден на вљубените.

НОВИ РОМАНТИЧНИ ФИЛМОВИ

Во симпатичниот романтичен филм Very, Very Valentine (2018) Хелен (Даница Мекелар) запознава еден прекрасен таинствен маж (Дејмон Ранјон) на маскенбал. Таа и нејзиниот пријател Хенри (Камерон Метисон) одлучуваат да го најдат – и тука започнува авантурата!

Falling for Vermont (2017) е романтичен филм во кој една позната писателка добива амнезија поради сообраќајната несреќа што ја доживеала. Таа наоѓа спас во прегратките на еден локален лекар во едно мало идилично гратче во Вермонт.

My Big Fat Balkan Wedding (2012) е германска романтична комедија за љубовната двојка Хрвоје и Лиса. Кога мајката на Хрвоје посакува традиционална свадба во Хрватска, работите стануваат урнебесни.

НОВИ СУПЕР ФИЛМОВИ

The Circle (2017) е напнат техно-трилер со Ема Вотсон и со Том Хенкс во главните улоги. Меј (Ема Вотсон) ја добива работата од своите соништа во моќната компанија со име „Круг“. Но таа набргу ја дознава агендата која ќе влијае врз целото човештво.

Брус Вилис, Џејсон Момоа и Џон Гудман ќе ве воодушеват во криминалистичката комедија Once Upon A Time In Venice (2017). Во филмот ги следиме авантурите на приватниот детектив од Лос Анџелес, Стив Форд (Брус Вилис), кој се обидува да ја најде бандата што му го украла песот.

Американската комедија The Female Brain (2017) се темели на истоимената книга од научничката и невропсихијатарка Луан Бризендин. Во главната улога е Софија Вергара, а филмот на интересен начин се занимава со женскиот мозок.

The Music Of Silence (2017) e италијански биографски филм, втемелен на романот со исто име кој го напиша еден од најпознатите тенори на светот  – Андреа Бочели. Исто така Андреа се појавува во филмот како наратор, а популарниот глумец Антонио Бандерас ја има улогата на маестрото.

+ ШПАНСКА РОМАНТИЧНА МИНИ-СЕРИЈА

Lo que escondian sus ojos е шпанска романтична кратка серија која се заснова на романот на шпанската писателка Нивес Хереро. Во траење од 80 минути, серијата има 4 епизоди и зборува за љубовната приказна помеѓу баџанакот на Франко, Рамон Серано Суњеро, министер за надворешни работи и еден од најсилните луѓе во владата на Франко, и Ланзол, маркизата која има сѐ – убавина, богатство и статус. Нивната љубовна приказна започнува во Шпанија по војната и се претвора во скандал во определени општествени кругови. Раскошно, скандалозно и љубовно!

Сите пристигнати филмови и серии гледајте ги на Pickbox!