Hајпопуларната докторска серија се враќа!

Вовед во анатомија

14. сезона од безвременската серија Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy), која е прогласена за најдобра медицинска драмска серија на сите времиња, пристигнува на Пикбокс СЕГА! Една од најдолговечните серии започна да се емитува во 2005 година и е една од омилените серии за гуглање.

Вовед во анатомија следи толку многу приказни во заднина, што е речиси невозможно да се знае сè. Затоа, подгответе се да ја гледате заедно со 7 неверојатни факти што не сте ги знаеле!

  1. Само 4 главни ликови сè уште се во серијата

По 14 сезони и повеќе од 300 епизоди, остануваат само четири главни ликови кои ги гледаме уште од самиот почеток на серијата. Тие се Мередит Греј, Алекс Карев, Миранда Бејли и Ричард Вебер.

  1. Grey’s Anatomy е вистинска книга

Вовед во анатомија оригинално се вика Grey’s Anatomy, тоа е името на учебник по анатомија што се печати уште и денес. Автор на книгата е Хенри Греј и може да се нарача преку Ибеј.

  1. Вистински лекари работат на сценариото

Продуцентите ангажирале вистински лекари како советници за сите медицински ситуации и изрази. Нивната работа е да бидат сигурни дека сценаристите пишуваат сè точно. Имено, кога ќе дојдат до медицински жаргон, сценаристите ќе ја напишат само фразата „нешто медицинско“, па, лекарите го дополнуваат сценариото со вистинскиот израз.

  1. Серијата помогнала да се спаси живот во реалноста

Десетгодишно девојче успешно ја оживеало својата мајка откако доживеала напад на астма. Нејзината ќерка рекла дека го научила точниот начин на реанимација, гледајќи Вовед во анатомија.

  1. Кетрин Хејгл одби номинација за Еми за улогата на Изи

Во 2008 година, Хејгл ја одби номинацијата за наградата Еми за улогата на Изи. Во официјалното соопштение вели дека смета оти сценаристите не ѝ дале доволно добар материјал за да ја заслужи номинацијата и дека не сака потенцијално да ја намали таа можност на актерките кои имале добар материјал. Набргу потоа, Хејгл ја напушта серијата.

  1. Елен Помпео е најплатена актерка во серијата

Минатата година беше откриено дека Елен Помпео, која ја толкува главната улога на Мередит Греј, заработува 20 милиони долари годишно. Тоа значи дека заработува околу 575.000 долари по епизода.

 

  1. Сè додека Елен Помпео сака да снима, серијата продолжува

Креаторката на серијата Шонда Рајмс изјави дека сè додека Елен Помпео сака да ја игра улогата на Мередит Греј, серијата ќе живее понатаму. Тоа исто така значи дека, кога таа веќе нема да го сака тоа, серијата ќе заврши.