Најпознатите детективи се враќаат

Поаро, Инспектор Морз и Фростовиот пристап

Поаро (Agatha Christie’s Poirot)

Сите 13 сезони од британската детективска серија „Поаро“ (Agatha Christie’s Poirot) се достапни на Pickbox NOW.

Измислениот белгиски детектив Поаро е еден од најпознатите детективи на светот, а го создала писателката Агата Кристи. Неверојатен е фактот дека се појавува во 33 романи, во една претстава (Black Coffee) и во повеќе од 50 кратки раскази објавени меѓу 1920 и 1975 година.

Во популарната серија составена од вкупно 70 епизоди, Поаро го глуми генијалниот актер Дејвид Сашет. Секоја епизода е адаптација на роман или краток расказ од Агата Кристи, а Поаро е главниот детектив, кој истражува злосторства, најчесто убиства.

Инспектор Морз (Inspector Morse)

Сите 12 сезони од британската детективска серија Инспектор Морз (Inspector Morse) се достапни на Pickbox NOW. Популарната серија се заснова врз серијалот од романи од писателот Колин Декстер, а на списокот од најдобри британски серии на сите времиња, Инспектор Морз се наоѓа на 42 место. За популарноста на серијата сведочат и двете серии изведени од неа – се работи за детективските серии Lewis и Endeavour.

Во главната улога е Џон Тоу кој го игра инспекторот Морз, а актерот изјавил дека ужива во тоа што неговиот лик е сосема поинаков од Поаро или од Шерлок Холмс, кои ги опиша како класични детективи. Имено, иако е брилијантен, Морз нема секогаш право. Често знае да уапси погрешен човек или нешто погрешно да заклучи. Ироничните околности секогаш се испреплетуваат со случајот што го истражува.

Фростовиот пристап (A Touch of Frost)

ДОСТАПНO OД 20.12. | Сите 15 сезони од детективската серија Фростовиот пристап (A Touch of Frost) се достапни на Pickbox NOW од 20 декември. Една од подолготрајните и побрилијантни серии на телевизија, A Touch of Frost се заснова на романите од писателот Р. Д. Вингфилд. Во главната улога е Дејвид Џејсон, кој го игра Џек Фрост, искусен и посветен детектив кој често има проблеми со своите надредени.

Фрост е многу емпатичен детектив, а неговите таленти и сочувство се надополнети со чудната личност – тој им ги пие чаевите и кафињата на другите луѓе, не посветува внимание на облеката и е многу несреден. Со документи воопшто не сака да се расправа и тој дел од работата за него мора да го извршуваат колегите. Никогаш не користи полициски бележник за да ги запише доказите или информациите за случајот, туку ги запишува на различни хартивчиња што ги наоѓа во џебот.

Уживајте во решавањето на интересните случаи со најдобрите детективи на светот – Agatha Christie’s Poirot, Inspector Morse и A Touch of Frost ве чекаат на Pickbox NOW!