Најновата мини-серија од Агата Кристи

Белиот коњ (The Pale Horse)

Вештерки, убиства и мистерии на Pickbox NOW

Белиот коњ (The Pale Horse) (2020.) е нова мини-серија на Би-Би-Си од перото на Агата Кристи, а сите три епизоди се достапни од 13 март на Pickbox NOW! Во главната улога е британскиот актер Руфус Сивел, кој ни е познат по улогите во сериите The Man In the High Castle и The Marvellous Mrs. Maisel.

По сериите Убиства по азбучен ред (The ABC Murders) и Искушение за невиноста (Ordeal by Innocence), кои исто така можете да ги гледате на Pickbox NOW, на сценаристката Сара Фелпс ова ќе ѝ биде петта адаптација на роман од Агата Кристи за Би-Би-Си.

ДАЛИ ТРИ ВЕШТЕРКИ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА НЕНАДЕЈНИТЕ СМРТНИ СЛУЧАИ?

Дејствието се врти околу Марк Истбрук (Руфус Сивел), човекот чиешто име се наоѓа на таинствената листа во чевлите на една мртва жена. Истбрук започнува истрага околу тоа како и зошто неговото име се нашло на листата, па истрагата го води до „Бледиот коњ“, куќа на три вештерки во едно мало село со име Мач Дипинг. Луѓето во селото зборуваат дека вештерките користат црна магија, но како што расте бројот на мртвите тела, Истбрук е сѐ порешителен да најде логично објаснување и да открие кој сака да го убие.

ЅВЕЗДЕНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Освен Руфус Сивел, во новата мини-серија на Би-Би-Си ќе ја гледаме Кеј Сколедарио која ја знаеме по улогата на Ефи од драмската серија Skins. Сколедарио ја игра девојката на Марк, Хермија, која не верува во неговите стравови. Трите вештерки ги играат Рита Тушингам (Vera, A Taste of Honey), Шила Атим (Girl From The North Country, Bloodmoon) и Кејти Кира Кларк (Derry Girls, Tartuffe).

Новата мистериозна мини-серија на Би-Би-Си, од перото на Агата Кристи, Белиот коњ (The Pale Horse) гледајте ја на Pickbox NOW од 13 март!