Адријан Данбар

Hајдобар актер на 23-тите доделувања на TV Choice Awards

Голема вест ја следи полициската серија на Би-Би-Си, На должност (Line of Duty)! Таа е прогласена за најдобра драмска серија, а главниот актер Адријан Данбар ја освои титулата за најдобар актер на 23-тите доделувања на TV Choice Awards. Во пресрет на оваа фантастична вест, ви носиме 10 причини да ја гледате (ако не ви е доволен фактот дека е прогласена за најдобра серија).

  1. НАЈГЛЕДАНАТА БРИТАНСКА СЕРИЈА

Во последните 10 години, На должност (Line of Duty) е најгледаната британска серија. Се смета за скапоцен камен на британската кинематографија затоа што носи комплексни и интересни приказни. Секоја нова епизода е подобра од претходната и гледачите ги носи во свет што нема да можат да престанат да го гледаат.

  1. СПЕКТАКУЛАРНИ АКТЕРИ

Во главните улоги се Мартин Компстон, Вики Маклр и Адријан Данбар, како херојска полициска тројка. Адријан Данбар тукушто ја освои наградата за најдобар актер во серијата, што покажува колку се спектакуларни актерите заслужни за комплексните ликови. Со леснотија ќе ве вовлечат во својата борба против криминалот и корупцијата!

  1. ОСВОЈУВА НА ПРВ ПОГЛЕД

Возбудлива и напната, серијата е преполна со шокантни пресврти, а фантастичната тројка откри интелигентни злосторници за кои најмалку се очекува да го кршат законот. Еднаш кога ќе почнете да ја гледате серијата, речиси е невозможно да не ве маѓепсаат ликовите, полициските приказни и злосторствата.

  1. МИСТЕРИОЗНИОТ „Х“

Секоја епизода носи нова приказна за корупцијата, која се занимава со антикорупциската тројка Хејстингс, Флеминг и Арно. Но освен борбата против корупцијата, насекаде е присутна и мистеријата околу идентитетот на „Ха“. „Ха“ е кодното име на шефот кој стои зад сите зла во полицијата.

  1. ОГРОМНА БАЗА НА ОБОЖАВАТЕЛИ

Наградуваната британска серија има огромна база на обожаватели благодарение на успешниот спој помеѓу возбудливите и напнатите сцени, непредвидливите пресврти и одличните главни актери.

Што чекате? 4 сезони од „ На должност “(Line of Duty) гледајте ги веднаш на Pickbox NOW!