Напната и секси серија што се одвива во Лос Анџелес

Расипан град (Wicked City)

Новата серија на Pickbox NOW е американската драмска серија Расипан град. Во фокусот на приказната се двајца полициски инспектори кои го истражуваат случајот на една љубовна двојка од сериски убијци кои го тероризираат Сансет Стрип. Одличната актерска екипа ја сочинуваат Џереми Систо, Гебриел Луна, Ед Вествик и Ерик Кристенсен.

ОСУМДЕСЕТТИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Дејствието се одвива во осумдесеттите години во Лос Анџелес, а атмосферата во серијата е толку добро направена што ќе имате впечаток дека сте таму. Модата, автомобилите од тој период, оригиналната музика од осумдесеттите и интересните ликови ќе ве одведат во светот на „Расипан град“ кој може да се окарактеризира како злобен, модерен и секси.

НАПНАТО ДЕЈСТВИЕ

Напната и возбудлива драмска серија што ни ги прикажува полициските инспектори и партнери Џек Рот (Џереми Систо) и Пак Контерас (Габриел Луна), кои истражуваат една серија убиства на Сансет Стрип. Ним им помагаат новинарката Керен Мекларен (Тајса Фармига), фотографот Дејвер Хокс (Јуан Рос) и љубовницата на Џек и полицајка на тајна задача Дајен (Каролина Видра). Полициската двојка се обидува да го открие и фати холивудскиот сериски убиец (Ед Вествик) и неговата сопруга Бети (Ерика Кристенсен). Бети е медицинска сестра и самохрана мајка која почнува опасна врска со еден сериски убиец.

Влезете во светот на Лос Анџелес во осумдесеттите години и возбудливата драмска серија „Расипан град“ гледајте ја веднаш на Pickbox NOW!