Скриен: Првороден (Hidden: Förstfödd)

Мрачниот урбан фантастичен трилер

Ништо не е така како што изгледа во шведскиот фантастичен трилер Hidden: Förstfödd (2019). Ве очекуваат мрачни тајни, неочекувани идентитети и натприродни сили во неверојатно модерната Шведска.

Оваа возбудлива серија претставува спој од паранормалното, крутиот реализам и психолошката драма и се занимава со прашањето како е да се биде аутсајдер. Серијата  Hidden е инспирирана од скандинавската култура и од нордиската митологија и претставува приказна за луѓето што не се вклопуваат во калапот на нормалното општество.

СТОКХОЛМ НИКОГАШ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТ

Hidden: Förstfödd се заснова на истоимениот роман од писателот Филип Александерсон. Во главната улога е Аугуст Витгенстајн (The Crown) кој ја игра улогата на Јонас, студент на право кој доживува сериозна несреќа што ќе му го измени животот. Станува очигледно дека некој се обидува да го улови и тој е принуден да побегне во сенката на Стокхолм, заедно со својата бивша девојка Ребека (ЏозефинЛунгман). Тој открива дека не е човечко суштество и се обидува да го открие своето потекло, откривајќи еден сосема нов свет.

Во меѓувреме, поранешната полицајка Вивека Елд (Изабела Скорупко) ја ангажира едно тајно друштво за да истражи серија од брутални ритуални убиства кои во нејзиниот живот ги враќаат настаните од минатото. Како што открива приказната, патот на Јонас се вкрстува со тој на Вивека, што ги води до скриени тајни..

Натприродни способности, тајни друштва, бркотници со автомобили, кланови од воини и фасцинантни енергетски полиња, како и уште многу други возбудувања ве очекуваат во овој фантастичен шведски деликатес.

Мрачниот шведски фантастичен трилер Hidden: Förstfödd гледајте го веднаш на Pickbox NOW!