Mрачна и поинаква криминалистичка серија

Кардинал

Кардинал е таинствена канадска криминалистичка серија која се заснова на наградуваните криминалистички романи од канадскиот писател Џајлс Блант. Во фокусот на приказната е еден антихерој, огорчениот инспектор Џон Кардинал кого го глуми фантастичниот Били Кембел (Once and Again, The Killing).

СТУДЕНИЛО И МОРНИЦИ

Особено се истакнува студениот карактер на главниот лик, интригантниот мрачен и таинствен инспектор кој може да се спореди со студеното гратче во кое се одвива дејствието, а и атмосферата во градот е морничава, што е важен дел од наративот на целата серија. Пејзажот во кој се одвива, всушност означува еден тивок сведок и носител на страшни тајни.

Првата сезона почнува со откривање на замрзнатото тело на едно исчезнато девојче и набргу се дознава дека Кардиналот е опседнат со нејзиниот случај. Тој дополнително е префрлен од одделот за убиства затоа што не сакал да прифати дека таа едноставно „избегала“. Така откриваме дека Кардиналот е еден од поинтелигентните полицајци, но и дека не се откажува лесно од случаите.

ПОЛИЦИСКА ДРАМА И ПСИХОЛОШКИ ТРИЛЕР

Како спој на полициска драма и психолошки трилер, оваа криминалистичка серија ќе ве вовлече во светот на антихеројот Кардинал и на неговите лични и етички проблеми, како и во светот на неговите морничави случаи кои оставаат последици врз целата заедница.

ТРИ СЕЗОНИ НА PICKBOX NOW

Кардинал има вкупно три сезони и сите пристигнуваат на Pickbox NOW. Целосната прва сезона пристигнува на 3 јуни, втората сезона пристигнува на 10 јуни, а третата на 17 јуни. Препорачуваме да го гледате овој детективски деликатес на Pickbox NOW!