Мери убива луѓе

Oдлична канадска серија

Интелигентна и интригантна, канадската драма-трилер серија „Мери убива луѓе“ пристигна на Pickbox. Во првите две сезони, „Мери убива луѓе“ успешно комбинира комедија, драма и филозофија, занимавајќи се со табу-темата ‒ потпомогнато самоубиство. Првата сезона е веќе достапна на Pickbox, втората ќе биде од 15 април, а епизодите од третата сезона во мај ќе доаѓаат на Pickbox еднаш неделно, веднаш по светската премиера.

ИНТРИГАНТНА ТАБУ-ТЕМА

Дејството на овој медицински трилер е едно од оние што ве тера на размислување за животот и смртта. Лекарката Мери Харис, која ја портретира одличната канадска актерка Керолајн Давернес, работи во ургентниот центар во една болница, но има и хонорарна работа како советник за завршување на животот. Имено, Мери и нејзиниот деловен партнер Дес (Ричард Шорт) им овозможуваат потпомогнато самоубиство на болничките пациенти за половина пониска цена од трошоците за патување во Швајцарија, каде што оваа услуга е достапна. Нивните животи ќе се искомплицираат кога полицијата ќе почне да истражува.

Мери и Дес заработуваат по 10 000 долари за потпомогнато самоубиство, а својата одговорност ја прикриваат така што лицето кое сака да умре снима видео со кое признава дека тоа го прави по своја слободна волја. Но, бидејќи Мери веќе има добро платена работа во болницата, а помагање на луѓето не е на нејзината листа на приоритети, прашањето е зошто го прави тоа?

ИЗВОНРЕДНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Керолајн Давернес (Wonderfalls“, „Hannibal) заврши брилијантна работа портретирајќи го интересниот лик на Мери. Мери има добра работа, таа е самохрана мајка, има две убави ќерки и живее во убава куќа. Отстрана се чини дека сè ѝ оди од рака. Таа е еден од оние ликови за кои се чини дека се борат да најдат рамнотежа помеѓу работата и домот и да бидат што поодговорна личност. Но, Мери има и друга страна, онаа малку помрачна, зашто во исто време таа убива луѓе.

Покрај Давернес, тука е и британскиот актер Ричард Шорт („Vynil“, „American Horror Story“) во улога на фантастичен поранешен пластичен хирург. Дес ја загубил лиценцата за работа по проблемот со дрога, а кога почнал да соработува со Мери и да потпомага при самоубиства, неговиот проблем со дрогата е добредојден. Имено, дилерот на Дес го снабдува смртоносното дуо со дрога која се користи за потпомагање при самоубиство на смртно болните пациенти.

Првата сезона на канадската серија „Мери убива луѓе“ е на Pickbox! Погледнете ги сите епизоди веднаш.