Мери убива луѓе

5 причини да се гледа канадската серија за табу тема

“Мери убива луѓе” (Mary Kills People) е напната канадска серија во чиј фокус е докторката Мери Харис, што ја толкува големата канадска актерка Керолајн Давернес. Мери работи во Ургентниот центар на болницата, но има и дополнителна работа советник за завршување на животот. Интригантната серија се занимава со табу тема, а ние ви даваме 5 причини зошто не треба да ја пропуштите!

  1. ИНТРИГАНТНА ТАБУ ТЕМА

Мери и нејзиниот партнер Дес заработуваат 10.000 долари од потпомогнато самоубиство, а нивната одговорност ја затскриваат така што оној кој сака да умре снима видео во кое признава дека го прави тоа по своја сопствена волја. Но, бидејќи Мери веќе има добро платена работа во болницата, а помагање на луѓето не ѝ е на приоритетната листа , се поставува прашањето зошто го работи тоа.

  1. КОМПЛЕКСНИ ЛИКОВИ

Мери има добра работа, таа е самохрана мајка која живее во убава куќа, одговорна е и смирена. Но , таа има и друга страна, една малку помрачна, бидејќи во исто време ги убива луѓето. Нејзиниот партнер Дес исто така бил доктор, но ја изгубил лиценцата заради проблеми со дрога. Токму неговиот дилер станува важна алка – тој им ја продава дрогата, која смртоносната двојка ја користи за потпомагање на самоубиство на смртно болните пациенти. Животите ќе им се искомплицираат, кога почнува да ги истражува полицијата, предводена од згодниот детектив Бен Весли.

  1. ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Керолајн Давернес (Wonderfalls, Hannibal) заврши брилијантна работа презентирајќи го интересниот лик на Мери. Покрај Давернес, тука е и британскиот актер Ричард Шорт (Vynil, American Horror Story) во улогата на фантастичниот поранешен пластични хирург Дес. Детективот Бен Весли, кој ја истражува Мери, го игра фантастично згодниот актер Џеј Рајан (Top of the Lake).

  1. КОБИНАЦИЈА НА ЖАНРОВИ

Освен што може да се карактеризира како медицински трилер, Мери убива луѓе успешно ги комбинира комедијата, драмата и филозофијата занимавајќи се со табу темата – потпомогнато самоубиство.

  1. КОМПЛЕТНИ ТРИ СЕЗОНИ СЕ НА PICKBOX NOW

“Мери убива луѓе” има вкупно три сезони, а сите три се на Pickbox NOW. Влезете во новата авантура и позанимавајте се со интригантната табу тема со Мери убива луѓе.