Лов на вештерки

Премиера на норвешката серија на Pickbox NOW

Премиерата на норвешката серија Лов на вештерки (Heksejakt, eng. Witch Hunt, 2020) ве очекува од 3 јули на Pickbox NOW. Драмската криминалистичка серија Лов на вештерки е инспирирана од вистинити настани и се занимава со силните психолошки, лични и политички последици што се случуваат откако една жена се обидува да се бори против една огромна корпорација.

Интересна, напната, луда и комплексна, оваа норвешка серија се занимава со корупцијата, расипаните адвокати и упорната потрага по правдата.

За што се работи?

Ида Ваге работи во една престижна адвокатска компанија и еден ден забележува една сомнителна фактура. Набргу сфаќа дека тоа е поврзано со една операција за перење пари на најголемиот клиент на нејзината компанија, Пер Еген. Откако го известува извршниот одбор за тоа, таа е шокирана кога гледа како тие само вртат со главата и се обидуваат да ја дискредитираат, заканувајќи ѝ се со лажни обвиненија.

Загрозени се нејзината работа и кредибилитетот, но Ида и понатаму бара правда и ја известува Полицијата. Главниот истражител Ајрик, открива уште поголем скандал кој вклучува сомнителни трансакции помеѓу Еген и сопругата на норвешката министерка за правда.

Откако новинарката Аида Салим ги објавува откритијата јавно, адвокатската компанија на Ида ѝ се одмаздува, подметнувајќи злобни приказни со намера да ја уништи нејзината кариера. Ида почнува да сфаќа дека се довела себеси и своите блиски во опасност. Ќе може ли некако да се извлече од тоа?

Зошто да ја гледате?

Освен што е инспирирана од вистинити настани во Норвешка, критичарите оваа серија ја дефинираа како „најважната скандинавска серија во 2020 година“. Со фокус на игрите на моќ и корупција, Witch Huntе приказна за тоа како едно единствено дејство може да повлече серија скандали на национално ниво, со последици кои досегаат длабоко во сите пори на општеството.

Премиерата на норвешката серија Лов на вештерки гледајте ја од 3 јули на Pickbox NOW!