Куршуми

Зошто треба да ја гледате новата финска криминалистичка серија

Новата финска криминалистичка серија Куршуми (2018) е интелигентен спој од криминалистичка серија, шпионски трилер и политичка драма, а целосната прва сезона е достапна на Pickbox NOW.

Од продуцентот на нордиските хит-серии The Bridge и The Killing, во новата финска серија ја следиме тајната агентка Мари Сари која е на тајна задача да се спријатели со една од најбараните терористки за која се мислело дека е мртва.

СПОЈ НА ШПИОНСКИ ТРИЛЕР И ПОЛИТИЧКА ДРАМА

Куршуми не е типична нордиска ноар-серија. Дејствието се врти околу поранешната терористка Медин Табурова со прекар „Црна вдовица“ која ја игра германската актерка Сибел Кекили (Game of Thrones, Head-On). Таа доаѓа во Хелсинки и бара политички азил. Дотогаш за Црната вдовица се мислело дека е мртва, што предизвикува сомнеж кај тајните агенции.

Со помош на лажен идентитет, талентираната тајна агентка Мари Сари (Криста Косонен) мора да се спријатели со една поранешна терористка за да ги открие нејзините мотиви за доаѓањето во Финска. Обидувајќи се да ја открие оваа мистерија. Мари Сари се инфилтрира во внатрешниот круг на Црната вдовица која регрутира бомбаши самоубијци. Но, Мари развива симпатии кон Медин и брзо сфаќа дека нејзините должности како полицајка и нејзината потреба да ја заштити Медин се во конфликт. Но, ништо не е така, како што изгледа.

СКАНДИНАВСКА АВАНТУРА

Куршуми е една од новите скандинавски серии која дефинитивно вреди да се гледа, а освен што има одлични пофалби од критиката и публиката, особено се истакнуваат два силни женски лика кои се во фокусот на овој шпионски трилер.

Впуштете се во шпионската авантура и во целосната прва сезона на интересната трилер серија Куршуми која можете да ја гледате на Pickbox NOW!