Батист (Baptiste)

Интензивен криминалистички трилер

Британската детективска серија Батист (Baptiste) (2019) доаѓа на Pickbox NOW! Гледајте ја премиерата на целата сезона од новиот детективски деликатес, спиноф на британската драмска серија The Missing. Во серијата го гледаме еден од централните ликови од серијата The Missing, детективот Џулијан Батист, кого го глуми феноменалниот француски актер со турско потекло Чеки Карјо.

ЕДНАШ ДЕТЕКТИВ, СЕКОГАШ ДЕТЕКТИВ

Главниот лик на новата криминалистичка серија е Џулијан Батист, тврдоглав, но интелигентен и прониклив детектив. Кога Џулијан и жена му се селат во Амстердам, шефицата на полицијата, поранешната девојка на Батист, бара помош од него околу решавањето на едно злосторство. Батист набргу почнува да работи на еден случај кој вклучува трговија со секс, дрога, па дури и луѓе. За него, прекрасните улици и каналите на Амстердам кријат мрачни тајни, а неговата детективска природа е неуморна.

Одличниот француски актер Чеки Карјо одлично ја заврши работата, носејќи ја длабочината и уникатноста на ликот на Батист. „Џулијан Батист ми е многу драг лик и многу сум возбуден што го следам на ова ново патување, истражувајќи ги мрачните тајни на улиците на Амстердам“, рече актерот.

ИНТЕНЗИВЕН КРИМИНАЛИСТИЧКИ ТРИЛЕР

По операцијата на тумор на мозокот, Батист тврди дека не е истиот човек како порано. Неговата стара шефица го убедува да ѝ помогне на холандската полиција околу случајот на една исчезната проститутка во Амстердам. Истражувајќи го случајот, Батист го запознава Едвард (Том Холандер), вујко на исчезнатата девојка со која ништо не е како што изгледа од почетокот.

Премиерата на целата сезона од новата детективска серија Батист (Baptiste) гледајте ја веднаш на Pickbox NOW!