Кој го застрела Дух?

Употребете ја својата Моќ и придружете се на откривањето злосторства

Финалето на шестата сезона од серијата Моќ (Power) следете го на 10 февруари на Pickbox NOW

Кој го застрела Дух и дали постои шанса да преживеал – тоа е прашањето што ги мачи љубителите на популарната драмска серија Моќ (Power) низ целиот свет и кое многу брзо стана trending на Twitter! Придружете се на трендот на Power за кој сите зборуваат и откријте кој е таинствениот напаѓач на Џејмс „Дух“ Сент Патрик, сопственикот на еден њујоршки ноќен клуб и високо профилиран дилер на дрога.

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА POWER ТРЕНДОТ

Последната сезона од хит-серијата Моќ (Power) на режисерот и продуцент Фифти Сент, повторно крена прашина и ги заинтересира гледачите низ целиот свет. Последните пет епизоди ќе одговорат на прашањето кој го застрела Џејмс „Дух“ Сент Патрик, кого го глуми одличниот Омари Хардвик. Секоја нова епизода ќе разоткрие повеќе детали за шокантниот напад врз главниот лик на серијата и ќе елиминира еден потенцијален напаѓач. Придружете се на расправата и на Pickbox Facebook страницата!

ФИФТИ СЕНТ НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБАР РЕЖИСЕР

На годинешното доделување на наградите од организацијата National Association for the Advancement of Colored People (NAACP), Фифти Сент е номиниран во категоријата „Outstanding Directing in a Drama Series“ за најдобар режисер, а Омари Харвик е номиниран во категоријата „Outstanding Actor“ за најдобар актер во серија.

Новите епизоди на последната сезона од серијата Моќ (Power) следете ги секој понеделник на Pickbox NOW, а напнатото финале нé очекува на 10 февруари 2020!