Кортни А. Кемп

Моќ (Power)

„Моќ“ (Power) завршува во шестата сезона. Кога ќе погледнеме наназад, дали знаевте дека серијата ќе биде олку успешна?

Не, ама Фифти Сент знаеше. Кертис [Џексон] би рекол дека знаел од почеток и дека имал план и дека отсекогаш требало да биде вака. Сега јас ви велам дека не мислев така. Јас мора да правам сѐ од ден за ден. Па јас само сакав да ја завршам следната задача како што треба, а следната ми е да напишам одлично сценарио. Сето тоа да биде колку што е можно помалку комплицирано. Не мислев дека серијата ќе биде толку успешна.

Изгледа дека шестата сезона ќе биде многу возбудлива, особено за Дух. Дали ќе ги задоволи гледачите?

Се обидов да направам две работи. Сакав да ги задоволам очекувањата и да донесам нешто неочекувано. Гери Ленон, еден од нашите извршни продуценти, често вели „изненадувачки, а сепак неизбежно“. Тоа секогаш е целта. Нешто што е толку неизбежно што ќе се случи. Мислам дека изненадувањето и неизбежноста ги донесовме на сосема ново ниво во смисла на тоа како ја решаваме приказната на Дух и луѓето околу него.

Кога сме кај тоа, правиме голем потфат на крајот на серијава со последните пет епизоди. Па, ќе биде различно. А публиката ќе добие предизвик. Сакам да ја предизвикувам публиката. Сакам да ја терам да размислува, и да разговара и да се кара.

Обично сакате да ја ескалирате сезоната до 8-та епизода, како што направивте со смртта на Кејнан во 5-тата сезона. Има петнаесет епизоди во 6-тата сезона, па каков е планот за последнава сезона?

Во 8-та ескалиравме, во 10-тата уште повеќе, а потоа во сите последни пет епизоди си има мали ескалирања.

Каква беше реакцијата на убивањето на Кејнан минатата сезона?

Луѓето се вознемирија поради смртта на Кејнан, но разбраа дека едно од правилата на „Моќ“ е дека луѓето секогаш си ја заслужуваат смртта. Јас секогаш ставам некој лик во ситуација да избира помеѓу лево и десно. Ако избере десно, тоа е сигурен пат кон смртта. А ако избере лево, тогаш ќе се спаси. Па Кејнан имаше неколку можности да се спаси на крајот од четвртата сезона. Во Вашингтон беше, не мораше да се враќа. Се врати во петтата сезона. Томи го предупреди. На почетокот на првата епизода од петтата сезона, Томи му рече да се тргне од Тарик. Така ли направи? Не. А да се тргнеше од Тарик, сега ќе беше жив. Но тој го сакаше детето, па и му веруваше. Секогаш зборуваме за некаква кобна мана кај некој лик. Тоа беше неговата. Сакаше син. Го уби сопствениот син и сакаше да го преземе синот на Дух, па тоа се случи. Мислам дека публиката го разбра тоа. Некои луѓе се лутеа зашто тоа донесе промена.

Фифти Сент беше и сѐ уште е огромен дел од целата серија. Но никаде не си замина. Му кажав и дека сакам да се прошириме, а тој да ја режира следната фаза. Не може да режира и да глуми истовремено кога првпат седнува во режисерското столче. Па се согласи. Тој даде сѐ од себе во режирањето. Навистина добро соработуваше со актерите и многу му се допадна тој дел. Му се допаднаа подготовките и сакаше да учествува во сето тоа. А мислам дека таму мора целосно да се вложиш. Поради начинот на кој снимаме и се подготвуваме, тој мораше да излезе претходно, па не можеше да биде во втората епизода од шестата сезона за да може да ја режира третата епизода.

Во „Моќ“ секој е во опасност да биде убиен. Никој не е безбеден. Затоа ли серијата е толку успешна?

Мора малку да го пофалам Старз што ме остави да го правам тоа. Мислам дека има многу серии каде што си велат, „да го оставиме барем главниот лик да биде безбеден за публиката“. Не, никој не треба да се чувствува безбедно. Мислам дека тоа е супер. Тоа е добра приказна. Сакам да доживеете искуство. Која е поентата на телевизијата, ако не е да избегаш од реалноста? Тоа е мојот личен вкус, но не ми се допаѓаат серии што нелогично ги прекинуваат дејствата. Сакам да биде тоа во некои граници, но сакам и да ги возбудувам луѓето. Тоа ми е замислата.

Како ќе изгледа проширување на наративот од „Моќ“?

Мислам дека најдобро би се опишало како кога имаше „Кафулето На здравје“ (Cheers), а потоа го имавте „Фрејзер“ (Frasier), но наместо тоа да имате повеќе серии „Фрејзер“, повеќе приказни да почнуваат од таа основа.