Кондор: 5 причини да ја изгледате шпионската трилер серија

Премиера на целата втора сезона на Pickbox NOW од 1 јуни

Шпионските трилери не излегуваат од мода. Особено оние кои се напишани во периодот на Студената војна и како такви се обележани со геополитичките тензии кои долго време ја тресеа планетата. Кондор (Condor) е токму таков шпионски трилер, кој го напишал Џејмс Грејди под насловот Six Days of the Condor во 1974 година, а потоа и неговото продолжение во 2014.

Приказната доби и своја серија – Кондор – која на брилијантен начин ги комбинира и адаптира и првото и второто дело на Грејди во современо руво. Љубителите на жанрот не смеат да го пропуштат овој наслов, а всушност и сите останати. Токму затоа, ќе ја анализираме серијата и ќе наведеме пет причини зошто Кондор е задолжителна филмска литература.

  1. РЕЛЕВАНТНОСТ

Иако литературната предлошка настанала во 70-тите, а нејзиното продолжение четири децении подоцна, низ серијата на кохерентен начин се гради една приказна која е многу релевантна за актуелната состојба, за современиот општествен, политички и военоразузнавачки контекст. Кондор е „модернизиран“, во преден план се проблемите кои ја окупираат денешницата. Освен тероризмот, тука се системите за надзор, разузнавачките махинации, софистицираните технолошки методи на истражување, нејасните и сомнителни алатки на тајните служби, важноста на информациите, како и личните приказни кои се дел од тој мистериозен и гигантски систем, кој речиси никогаш не го среќаваме.

  1. НАПНАТОСТ

Во серијата се испреплетуваат и судираат различни елементи кои ткаат една турбулентна атмосфера, непредвидлива приказна и доста напнат заплет, чиј развој во одредени моменти преминува во своевиден параноичен ќор-сокак и психолошка заплетканост на главните ликови. Истовремено, без оглед на индивидуалното, серијата не го губи од вид поширокото и општото. Специфичноста на серијата се одразува токму во спојот, односно судирот на тие две нивоа, поединецот и системот, што претставува јазол чие расплетување е многу сомнително.

  1. КВАЛИТЕТ И ПОФАЛБИ

Ако критичарите кажат дека нешто е добро, се разбира дека тоа не мора да важи за секого. Но што се однесува до оваа серија, и самите се уверивме во исправноста на рецензиите и оценките. Кондор котира високо на популарните портали, форуми и веб-страници каде се собира филмската публика. А тоа не е без причина. Покрај работите кои ги наброивме, можат да се издвојат уште многу други. Ќе ги сумираме и обединиме во една реченица: квалитет. И тоа, во сите сегменти: актерска игра, сценарио, естетика, продукција. Засега би рекле дека овој наслов е вистински хит. За навремено да го проследите неговиот развој, доволен е еден клик: целата втора сезона ве очекува од 1 јуни на Pickbox NOW, а ако случајно заостанувате, имате време да ја изгледате и првата сезона во еден здив.

  1. МАКС АЈРОНС

Актерската екипа е на ниво на задачата. Вилијам Хрт, Боб Балабан, Лим Лубани, Мира Сорвино, Брендан Фрејзер и другите членови на екипата, совршено се вклопуваат во светот на Кондор. Нивната агилност и внесеност во приказната, како и способноста на сценаристот и продуцентот, внесуваат дополнителен и клучен слој на квалитет во целата серија. Меѓу нив особено се истакнува главниот актер, Макс Ајронс, кој го игра Џо Тарнер, млад аналитичар од ЦИА. Ајронс одлично се снаоѓа во оваа улога, а неговите способности и капацитети во голема мера ја зацврстуваат серијата, не само во актерска, туку и во наративна смисла. Имено, тешко е да се замисли друга личност во главната улога.

  1. СЦЕНАРИО

Може да се каже дека сценариото е најважен елемент во секој филм и серија, а кога се работи за шпионски трилер, сценариото е дефинитивно најважната компонента, или, со други зборови, основа за секоја квалитетна шпионска приказна. Кондор во тој поглед остава многу мал, речиси никакoв простор за критика.

Гледајќи ги епизодите, имаме чувство како да летаме низ нив, додека од друга страна се губиме во замрсената мрежа од разузнавачки лавиринти, за веднаш потоа да почувствуваме блискост и препознавање на индивидуалната изолација, страв и нестабилност. Џејсон Смилович и Тод Катзбург, заедно со остатокот од екипата, завршиле фантастична работа.

Ако ја немате, изгледајте ја првата сезона која исто така е целата достапна на Pickbox NOW, а премиерата на втората сезона нè очекува на 1 јуни.