Кондор (Condor): Премиера на втората сезона од напнатата шпионска серија

Пристигна втората сезона на новиот шпионски трилер Кондор (Condor) на Pickbox NOW. Во главни улоги со Макс Ајронс и Мира Сорвино, Кондор е напната и храбра серија за агенти на ЦИА и заговор кој е закана за милиони луѓе.

Нетрпеливо се чекаше втората сезона од современата адаптација на популарниот трилер „Three Days of the Condor“ од 1975. И, конечно стигна – ексклузивната премиера ве очекува на Pickbox NOW.

Првата сезона има 10 епизоди кои исто така се достапни на Pickbox NOW – впуштете се во шпионската авантура и изгледајте ја целата серија.

Ѕвездена актерска екипа

Заедно со младиот актер Макс Ајронс, кој го глуми главниот лик Џо Тарнер, во Кондор имаме можност да ги гледаме и едни од најдобрите актери денес. Оскаровецот Вилијам Хрт (A History of Violence, Avengers, Captain America: Civil War) го глуми Боб Партриџ, заштитнички настроениот чичко на Џо кој го регрутира во ЦИА.

Оскаровката Мира Сорвино (Mighty Aphrodite, Human Trafficing) е Марти Фрост, поранешна љубовница на Боб, која ја води истрагата за делото за кое е обвинет Џо. Заедно со неа, тука е и генијалниот Брендан Фрејзер (The Mummy Trilogy, George of the Jungle) кој го игра ликот на Нејтан Фаулер.

Никому не верувај – Напнат шпионски трилер

Покрај агентите од ЦИА, како главни протагонисти, во Кондор не недостасува акција и напнати ситуации. Тешко се распознаваат добрите од лошите играчи, што ѝ дава мистериозност на целата приказна. „Никому не верувај“ е мотото на втората сезона кое носи уште повеќе возбуда и акција.

Во преден план е Џо Тарнер, млад аналитичар на ЦИА кој случајно дознава за страшниот план кој претставува закана за милиони луѓе. Тарнер е идеалистички настроен милениумец, кој тајно ѝ се придружува на ЦИА со надеж дека ќе ја реформира однатре.

Но кога сите во неговата служба ќе ги убие професионален убиец, Тарнер се наоѓа во неверојатно сложена ситуација. За да има некаква шанса да преживее, ќе мора да прави работи за кои мислел дека не е ни способен.

Изгледајте ја премиерата на целата втора сезона од напнатата шпионска серија Кондор на PICKBOX NOW  од 1 јуни.