Кардинал

Kанадска детективска трилер-серија

Кардинал е нова канадска детективска трилер-серија што се заснова на адаптација на крими-романот на наградуваниот канадски писател Џајлс Блант. Во главната улога е Били Кембел, а трите сезони доаѓаат на Pickbox NOW – првата на 3 јуни, втората на 10 јуни, а третата на 17 јуни.

МРАЧНА АТМОСФЕРА И МОРНИЧАВО ДЕЈСТВО

Мрачната атмосфера и морничавото дејство потсетуваат на сканди-ноар сериите, со фокус на мистериозниот главен лик и комплексното дејство што се врти околу истрага на убиство.

Серијата го следи детективот Џон Кардинал кого го игра фантастичниот актер Били Кембел (‘Убиство, Месечината над Мајами, ‘4400, ‘Еднаш и повторно). Кардинал’ е замислен и мистериозен, на лицето му се гледа дека е преполн со конфликти. Неговите претпоставени сметале дека отишол предалеку во истрагата на исчезнатото 13-годишно девојче и го преместиле од одделот за убиства. Но откако ќе го најдат телото на исчезнатото девојче, Кардинал е вратен на случајот, со нова партнерка Лиз Делорм (Карин Ванас). Додека Кардинал верува дека гонат сериски убиец и дека има сè помалку време, неговата партнерка тајно го истражува неговото мрачно минато.

СЦЕНАРИСТОТ НА ‘ОРФАН БЛЕК

Иако писателот на крими-романот Џајлс Блант учествувал при пишувањето на сценариото како советник, сценариото за оваа детективска крими-серија го напишал наградуваниот сценарист Обри Нилон, сценарист на популарната серија ‘Орфан Блек кој потпишува сценарија и за ‘Флешпоинт, Десет дена во долината и Сноупирсер.

АДАПТАЦИЈА НА НАГРАДУВАНИ РОМАНИ

Првата сезона е адаптација на Блантовиот роман ‘Четириесет збора за тага, во чиј фокус е истрага на убиство на исчезнато девојче. Втората сезона е адаптација на третиот Блантов роман Сезона на црните муви, а третата сезона е адаптација на два романи – ‘Додека го прочитате ова и ‘Машина за злосторства.

Впуштете се во нова авантура и заедно со Кардинал решете ги мистериозните случаи – гледајте ги сите три сезони на Pickbox NOW.