Крв (Blood)

Ирска криминалистичка серија за закопаните семејни тајни

Blood (2018) е нова ирска криминалистичка серија на Pickbox NOW. Премиерно можете да ја гледате целата сезона на овој предизвикувачки криминалистички деликатес, кој е окарактеризиран како психолошки трилер и ирски ноар. Се занимава со закопаните семејни тајни, сеќавања и влијанието на минатото врз сегашноста.

СЕМЕЈСТВАТА СЕ ПОВРЗАНИ ПРЕКУ КРВТА И ТАЈНИТЕ

Кет Хоган(Каролина Мејн) е жена која бега од своето минато, но кога нејзината мајка, Мери (Ингрид Крег) умира „случаjнo“, Кет е принудена да се соочи со своето семејство кое го избегнува во минатите 10 години. Таа отсекогаш била црната овца во семејството, а сега овој непријатен семеен состанок ги буди злобните демони од минатото и носи сомнеж за смртта на нејзината мајка.

Колку и да сака Кет да верува дека смртта на нејзината мајка била обична, таа почнува да сфаќа дека нејзиниот татко Џим (Адријан Данбар) има дупки во приказната и нејзините сомнежи почнуваат да се натрупуваат. Една недела по смртта на Мeри, Кет се обидува да ја открие вистината гледајќи во минатото за да ја разбере сегашноста.

ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Криминалистичката серија Blood се темели врз уверливи ликови и семејни односи со кои лесно можете да се поистородувате. Актерите оддаваат впечаток како да се навистина семејно поврзани, што произлегува и од одличното сценарио кое го напишала Софи Пецал (The Last KingdomRiviera).

Во главната улога е Каролина Мејн (Unforgotten), која ја толкува улогата на Кет. Во минатите 10 години таа живеела во Даблин, но се враќа во малото ирско село во кое пораснала. Адријан Данбар (Line of Duty ) е одличен во улогата на Џим, таткото на Кет, за кого Кет се сомнева дека има врска со убиството на нејзината мајка. Освен нив, тука се и Дијармуд Нојс (Borgia) во улогата на помладиот брат на Кет, Мајкл, како и Грејни Кенан (Black Mirror) во улогата на постарата сестра на Кет, Фиона.

ВИСТИНАТА ЗАВИСИ ОД ТОА КОГО ГО ПРАШУВАШ

Во новиот и возбудлив поглед на криминалистичкиот жанр, постојано е присутна дилемата дали Кет е параноична или навистина открила една страшна тајна за својот татко. Ништо и никој не може да се земе со голема сигурност. Во серијата „Blood“ вистината зависи од тоа кого го прашуваш.

Психолошкиот трилер Blood гледајте го на Pickbox NOW!