Фостерови

Интересна тинејџерска драмска серија

Од продуцентката Џенифер Лопез, на Pickbox NOW пристигнува наградуваната американска тинејџерска драма Фостерови. Дејствието се врти околу шареното и ни малку традиционално семејство Фостер, кое живее во предградието на Сан Диего во Калифорнија.

ШАРЕНО СОВРЕМЕНО СЕМЕЈСТВО

На чело на семејството е лезбијската двојка, полицајката Стеф и нејзината сопруга, училишната директорка Лина, кои одгледуваат едно биолошко дете и четири посвоени деца. Стеф и Лина, освен што се заљубени, се полни со љубов за своите пет деца, Брендон, биолошкиот син на Стеф, латино близнаците Хесус и Маријана кои се посвоени кога биле мали, како и посвоената ќерка Кали, која неодамна излегла од поправен дом, и нејзиниот помлад брат Џад. Дел од ова шарено семејство е и Мајк Фостер, поранешниот сопруг на Стеф и татко на Брендон, кој воедно е и нејзин партнер во полицијата.

ТИНЕЈЏЕРСКА СЕРИЈА И ЗА ВОЗРАСНИТЕ

Веднаш станува јасно дека тука не се работи за традиционално семејство, но тоа на Фостерови не им е никаков проблем – нивното семејство функционира и задоволство е човек да ги гледа. Сценаристите одлично си ја завршиле работата, покажувајќи како дефиницијата за семејството се менува со текот на времето, а критичарите ја пофалија Фостерови поради тоа што оваа драмска серија е наменета за широката публика – доволно е интелигентна за возрасните да можат во неа да уживаат, доволно е пристапна за младите гледачи, а особено е забавна за сите генерации.

Со одлична хемија помеѓу актерите, интелигентно напишаното сценарио и чувствителноста кон модерното сфаќање на семејството, Фостерови може пријатно да ве изненади како серија која не е типична семејна серија.

Фостерови, прекрасната семејна драмска серија за љубовта, довербата и животот, гледајте ја на Pickbox NOW!