Израелска криминалистичка серија

Чесен судија (Your Honor)

Новата израелска серија Чесен судија (Your Honor), опишана како мрачна и морално комплексна драма, пристигна на Pickbox NOW. Пофалуваната криминалистичка серија ја освои главната награда на францускиот фестивал „Series Mania“.

Творците на оваа напната серија се Рон Нињо и Шломо Машјах, а и двете сезони се достапни на Pickbox NOW. Идеална е за зависниците од серии – нема да можете да престанете да ја гледате!

АВТОМОБИЛСКА НЕСРЕЌА ШТО ЌЕ ПРОМЕНИ СЀ

Животот на брилијантниот судија Миша Алкоби тргнува во добра насока, а за брзо време го очекува унапредување. Но сето тоа се менува кога неговиот син, тинејџерот Шај, прави сообраќајна несреќа и бега од местото на злосторството.

Миша се подготвува да им го предаде својот син на властите, но дознава дека жртвата е еден голем мафијаш и член на криминално семејство кое самото наметнува сопствен систем на правдата. Несреќата ќе ги одведе до една игра на лаги, измами и невозможни избори.

АМЕРИКАНСКИ РИМЕЈК

Напнатата и интересна израелска серија го освои светот, затоа не нѐ чуди дека штотуку се снима и американска верзија во продукција на „Showtime“, со Брајан Кренстон (Breaking Bad) во главната улога.

И двете сезони на криминалистичката серија Чесен судија (Your Honor) гледајте ги веднаш на Pickbox NOWпрвата епизода од првата сезона гледајте ја целосно бесплатно. Потребно е само регистрирање без внесување на податоци за плаќање.