Зошто е една од најдобрите комедии во 2019 година

Најдете го Шорти (Get Shorty)

Третата сезона од генијалната серија Најдете го Шорти (Get Shorty) премиерно се прикажува на Pickbox NOW – новите епизоди од третата сезона доаѓаат секоја недела. Ако сѐ уште не сте ја фатиле, ви претставуваме причини зошто серијава е една од најдобрите комедии во 2019 година!

СЕ ЗАСНОВА НА БЕСТСЕЛЕР

Најдете го Шорти  (Get Shorty) се заснова на истоимениот бестселер од 1990 година, од легендарниот писател на криминалистички романи Елмор Леонард, кој ја напишал и Rum Punch, книгата што го инспирирала режисерот Квентин Тарантино за филмот Џеки Браун.

САМО ДОБРИ КРИТИКИ

Критичарите полудеа по првите две сезони, а популарното списание The Hollywood Reporter ја окарактеризира како „вистински привлечна и добро осмислена серија“. На Rotten Tomatoes, Фатете го Шорти има 99 насто оценка на публиката, што е импресивно.

ГЕНИЈАЛНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Во главните улоги се феноменалниот ирски актер и комичар Крис О’Дауд (The IT Crowd) и американскиот комичар, сценарист и актер Реј Романо (Everybody Loves Raymond).

Освен главните двајца, тука се и многумина познати актери во епизодни улоги – на пример Фелисити Хафман (Очајни домаќинки, Трансамерика), Стивен Вебер (Wings, Once and Again) и Ендру Лидс (Bones).

МРАЧНА КРИМИНАЛИСТИЧКА КОМЕДИЈА ШТО ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ

Приказната се врти околу Мајлс (Крис О’Дауд) – криминалец и убиец кој се обидува да ја промени професијата и да стане филмски продуцент. Во тоа му помага еден закоравен филмаџија по име Рик (Реј Романо). Нивните авантури се опишани како мрачна криминалистичка комедија, што звучи многу примамливо. Интелигентна, добро осмислена, духовита и мрачна – ова е една од сериите што заслужуваат повеќе внимание!

Најдете го Шорти (Get Shorty) гледајте ја веднаш на Pickbox NOW!