Злосторнички умови

Популарната криминалистичка серија

Една од најгледаните и најпопуларни криминалистички серии на денешнината, „Злосторнички умови“ (Criminal Minds) на интелигентен и интересен начин се занимава со злосторствата и психологијата на тврдокорните злосторници. Истраги за сериски убијци, педофили кои децата ги одгледуваат како свои и уште многу чудни и неверојатни приказни гледајте во 13-те сезони што пристигнаа на Pickbox NOW!

ПОИНАКОВ ПРИСТАП

Злосторнички умови“ се занимава со единицата на ФБИ за анализа на човековото однесување со седиште во Квантика, Вирџинија. Сценариото е силно и уверливо, со приказна која се фокусира на профилирањето на криминалците, наместо на самото злосторство. Некои епизоди се засноваат врз вистински случаи, а се спомнуваат и вистински злосторници како Чарлс Менсон и Џек Мевосек.

Гледајќи ја серијава, ќе научите многу работи за различните интересни ментални состојби. Ќе дознаете факти од психологијата – од психолошки растројства, до екстремни трауми од детството.

ЅВЕЗДЕНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Фактот дека актерите се пријатели и во вистинскиот живот се одразува на самиот квалитет на глумата, а хемијата помеѓу актерите е изразито видлива. Метју Греј Габлер (д-р Спенсер Рид) и А. Џ. Кук (Џеј-Џеј) приватно минуваат многу време заедно. Освен тоа, многу одлични актери гостуваа во серијата, како што се Камерон Монан, Џејмс Ван Дер Бик, Тобин Бел, Мишел Трахтенберг и многу други.

Со пофалби од критиката и публиката поради карактеризацијата на ликовите, атмосферата, глумата, режијата и сценариото, Злосторнички умови“ е вистински деликатес за љубителите на криминалистички серии.

>>13-те сезони на Criminal Minds гледај ги веднаш на Pickbox NOW