Животот ги пишува најинтересните сценарија

Информативна и забавна содржина преку документарните серии на Pickbox NOW 

Документарните емисии се извор на корисни информации, забава и откривање нови светови кои можеби никогаш нема да ги запознаеме од прва рака. Pickbox NOW подготви разни едукативни документарни серии и филмови, како од Хрватска, така и од сите делови на светот. Овие денови, документарците ни се еден од прозорците во светот, па вреди да потсетиме дека Pickbox NOW е бесплатен и неограничен за целиот регион. Во моментов е бесплатно и преку MAXtv на Македонски Телеком.

Документарно-забавниот серијал кој доби многубројни пофалби Хрватските великани (Hrvatski velikani) од сценаристот, режисер и водител Роберт Књаз е достапен на Pickbox NOW. Во двете сезони од оваа поучна и динамична серија, на интересен начин се прикажани фактите за хрватските великани како што се банот Јосип Јелачиќ, композиторот Ватрослав Лисински и скулпторот Иван Мештровиќ.

Урнебесниот документарен серијал Најголемите светски забави (Najveće svjetske vešte) од режисерот Роберт Књаз ќе ни покаже како се слави низ целиот свет. Секоја забава на која нѐ води Књаз е луда и оригинална! Некои од популарните светски славења кои имаме можност да ги видиме се Денот на Св. Патрик во Даблин, светското првенство во бради и мустаќи во Белгија, но и легендарните трки со магариња во Трибуњ.

  • А каде на одмор?

Британската документарна серија Дестинации за одмор (Getaways) ќе ни открие сѐ за тоа каде да одиме на патување и што да правиме на интересните места за одмор. Некои од земјите што ќе ги посетиме се Шпанија, Грција, Хрватска и Чешка.

  • Неверојатниот животински свет

Од смртоносните змии и бизарните инсекти, до лебарките кои можат две седмици да преживеат без глава – природата е навистина преполна со чудни суштества. Во двете сезони на документарната серија Чудни суштества (Strange Creatures) дознајте сѐ што може да се најде во дивиот животински свет!

  • Необично богатиот азиски регион

Меконг е подрачје богато со биолошка различност, но многу малку е истражено. Во овој азиски регион може да се најдат 20 илјади различни видови растенија, 430 цицачи, 1200 птици, 800 рептили, а се проценува дека има околу 850 различни видови риби. Документарната серија Мистериите на Меконг (Mysteries Of The Mekong) за неверојатната и таинствена природа на Меконг е навистина рај за очи.

  • Надмоќните животински видови

Разни животински видови талкаат низ сите делови на оваа дива планета. Во документарецот Животинско царство (Reino Animals aka Animals To The Max) дознајте кои животни доминираат во животинското царство.

  • Како да го преживеете Амазон?

Амазонската прашума е најголема на планетата и опфаќа девет земји од Јужна Америка. Дом е на повеќе од два и пол милиони видови, од кои секој е уникатно приспособен за животот во бујната, тропска џунгла. Променливо време, гладни грабливци и опасности што демнат зад секое дрво се дел од секојдневието во Амазон. Во документарецот Преживување во Амазон (Surviving the Amazon) истражете што е потребно за растење, ловење и наоѓање љубов кога сите шанси се против вас.

Pickbox NOW е достапен на www.pickbox.tv, преку апликацијата Pickbox NOW .