Дијаманти (Ice)

Нова драмска криминалистичка серија за дијамантите

Драмската криминалистичка серија Дијаманти собра силна екипа. Творец на серијата е сценаристот и режисер Роберт Мјуник (“Империја“), а во главните улоги се  популарниот актер Доналд Сатерленд (“Игрите на гладните“ и многу други), Џереми Систо (“Закон и ред“,  “Два метра под земја“) и Кем Жиганде (“Округот Оринџ“).                Двете сезони на напнатата драмска криминалистичка серија пристигнаа на Pickbox!

КРИМИНАЛИСТИЧКА СЕРИЈА ЗА ДИЛЕРИ НА ДИЈАМАНТИ

Дејството на серијата “Дијаманти“ се врти околу семејство во Лос Анџелес, чија семејна дејност има долга традиција, се занимаваат со трговија со дијаманти. Џејк (Кем Жиганде) и Фреди Грин (Џереми Систо) се браќа кои работат за семејната фирма “Грин и Грин дајмонд“, специјализирана за трговија со дијаманти. Тие се занаетчии чие искуство бара прецизно познавање на уметноста, а нивното семејно богатство потекнува уште од бегството од Европа пред холокаустот.

Откако Фреди, кој е наркоман, убива познат снабдувач на дијаманти, неговиот поодговорен брат Џејк мора да се вмеша и да се обиде да ја спаси семејната дејност. Семејството Грин одеднаш се наоѓа во подземјето на дијамантскиот свет. Мора да работат со злосторници, дилери на крвави дијаманти, а имаат работа со суровиот шеф на дијамантскиот картел Питер ван де Брун (Доналд Сатерленд)

ЛУДИОТ СВЕТ НА ДИЈАМАНТИТЕ

Во серијата “Дијаманти“ ќе видите свет кој не се гледа често (или никогаш), поземен свет на трговија со дијаманти и криминалот што се случува околу овие светликави камчиња. Оригинален и свеж, овој трилер нуди и повеќе од добра забава.

Нурнете во светот на дијамантите и забавувајте се во двете сезони на свежата криминалистичка серија “Дијаманти“ на Pickbox!