Дијаманти, секс, семејство и насилство

Дијаманти (Ice)

Дијаманти, секс, семејство и насилство – тоа се зборовите со кои може да се опише новата серија Дијаманти. Дијаманти е една од оние криминалистички серии кои ве држат во постојана напнатост и желба за откривање на она што следува. Се истакнува баш по тоа што се одвива брзо и неповратно. Се одвива во Лос Анџелес и приказната се врти околу семејниот бизнис – продажбата на дијаманти.

КЕМ ЖИГАНДЕ КАКО ЏЕЈК ГРИН

Дијамантскиот Кем Жиганде (The O.C.) воодушевува со својата улога на Џејк кого го одликува постојаното пушење цигари. Оддава впечаток на силно момче кое не зборува многу, но секогаш знае што ќе направи три чекори однапред.

Неговата поранешна жена е Ава која ја игра актерката Одри Мари Андерсон, позната по улогата во серијата Arrow. Џејк и Ава и понатаму повремено спијат заедно, а имаат и ќерка.

ЏЕРЕМИ СИСТО КАКО ФРЕДИ ГРИН

Тука е и Фреди, братот на Џејк, кого го игра дијамантскиот Џереми Систо. Познат по улогите во популарните серии како Six Feet Under и Law and Order, Систо го игра неодговорниот брат кој убива еден дилер на дијаманти, што го носи целото семејство во лудиот свет на криминалот.

НЕГАТИВЦИ

Дијамантската улога ја оствари и популарниот актер Доналд Садерленд (Pride & Prejudice, Aurora Borealis, The Hunger Gamesи бројни други) како Питер Ван де Бруин, суровиот купувач на дијаманти.

Британската актерка Џуди Шекони, позната по улогите во филмот Ali G Indahaus,но и сериите како NCIS, Кралот на Квинси други, ги толкува улогите на најголемата негативка, Леди Ра. Има лузни на грбот и војска од секси мажи и жени кои секогаш ја следат.

Напнатата криминалистичка серија Дијаманти за лудиот свет на дилерите со дијаманти гледајте ја на Pickbox NOW!