објавено: 31 декември 2020.

Две недели живот (Two Weeks to Live) – авантуристичка мини-серијасо Мајзи Вилијамс пристигнува на Pickbox NOW

Авантуристичката мини-серија Две недели живот (Two Weeks to Live)на Pickbox Now доаѓа на 11 јануари. Во оваа серија од шест дела, главните улоги ги играат познатите актерки Мајзи Вилијамс (Game of Thrones) и Сиан Клифорд (Fleabag).

Новата мини-серија е опишана како акциона криминалистичка комедија, а дејствието се врти околу една жена која оди на тајна мисија во чест на својот татко кој умрел под таинствени околности кога таа била млада девојка.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Мајзи Вилијамс ја толкува улогата на Ким Ноукс, 21-годишната девојка која пораснала во целосна изолација во рурална Шкотска, под будното око на нејзината параноична и (премногу) заштитнички настроена мајка Тина, која ја игра одличната Сиан Клифорд.

Ким е енергична млада девојка, но всушност не знае ништо за светот, седејќи само со својата параноична мајка по цели денови. Еден ден, Ким оди во еден паб каде што ѝ покажуваат лажно видео што прикажува нуклеарна експлозија и зборува за тоа како сите имаат само уште две недели живот. Секако, видеото е лага, но Ким е одгледана да верува во такви сценарија. Таа одлучува да го убие човекот што го убил татко ѝ пред нејзините очи кога таа била дете.

ДУХОВИТА АКЦИЈА

Критичарите ја опишуваат акционата драма како навистина духовита, а глумата на Мајзи Вилијамс доби пофалби за духовитоста, како и за нејзините вештини во разните авантури. Преку акција и авантура, серијава првенствено нѐ води во насоката на растењето, како и конфронтацијата помеѓу заштитнички настроената мајка и ќерката која дури на своето мало патување научила нешто за светот и животот.

Авантуристичката мини серија Две недели живот со фантастичната Мајзи Вилијамс гледајте ја на Pickbox NOW од 11 јануари!