Да го поминеме викендот заедно

Pомантични филмови на Pickbox NOW

Да го поминеме викендот заедно – на Pickbox NOW ќе најдете повеќе од 20 романтични филмови! Среќен Ден за вљубените на сите, а особено на соло играчите! Ви посакуваме пријатен викенд и многу, многу љубов.

Лето за помнење (A Summer to Remember, 2018.)

Џесика е успешна лекарка и самохрана мајка. Кога добива унапредување, таа одлучува да прослави и со ќерка си да оди на одмор на Фиџи за да се опуштат и да се поврзат. Џесика го запознава Вил, а кога почнуваат да поминуваат сѐ повеќе време заедно, Џесика почнува да се прашува дали може на островот да ги најде животот и љубовта што отсекогаш ги посакувала.

Јади, пиј и омажи се (Eat, Drink and Be Married, 2019.)

Три дена пред свадбата, Џес и Макс одлучуваат да ја откажат свадбата. Били води непрофитно здружение кое им ја донира храната за веќе платените, но неодржани свадби на загрозените. Кога Џес и Макс во придружба на братот на Макс, Чарли, доаѓаат кај Били, Чарли успева да ја убеди да му помогне повторно да ги спои Џес и Макс. Заедно организираат бројни средби на кои Џес и Макс сфаќаат дека навистина си припаѓаат еден на друг, а за тоа време нивниот однос се развива во нешто повеќе.

Љубовна преписка (Sincerely Truly Yours, 2019.)

Грејс се вселува во нов стан каде што наоѓа една бурма, а на нејзино чудење, таинствениот романтичар ѝ одговара, па тие започнуваат преписка која ќе доведе до низа настани што засекогаш ќе го променат нејзиниот живот и ќе докажат дека љубовта може да се најде на најнеочекуван начин.

Смрзнати во љубов (Frozen in Love, 2018.)

Мери е сопственичка на една мала, шармантна книжарница, но работата не ѝ оди најдобро. Адам е хокеар кој поради расправи на теренот е суспендиран на неодреден период. Мери добива шанса да го промени својот имиџ, но тоа значи дека ќе мора да соработува со Адам со кого ја поврзува заемната нетрпеливост. Под надзор на една експертка за односи со јавноста, Мери и Адам работат на себе, а со тек на време, нетрпеливоста се претвора во привлечност.

Лето во лозјето (Summer in the Vineyard, 2017.)

По првичниот конфликт, Френки и Нејт сега се двојка која води винарија и се подготвува за локалното натпреварување. Во заедничката желба да успеат, Френки и Нејт се наоѓаат во вител на недоразбирања, тајни и дејствувања на своја рака, што ја доведува во опасност нивната винарија, но и нивната љубов.