Странци (Strangers)

Одлична нова британска криминалистичка серија

Британската криминалистичка серија Странци (Strangers) пристигна на Pickbox NOW! Не пропуштајте ја премиерата на оваа криминалистичка серија која доаѓа од продуцентот на сериите The Missing, Harry и Jacka Williamsa кои го напишаа и сценариото.

ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Во главните улоги се наоѓаат популарниот британски актер Џон Сим (Dr. Who, 24 Hour Party People) и наградуваниот кинески актер Ентони Вонг кому ова му е прва улога на англиски јазик. Во останатите улоги се наоѓаат Дервла Кирван, Емилија Фокс, Кејти Леунг и Том Ву.

ДОЛГИОТ ПАТ ДО ВИСТИНАТА

Џон Сим го игра универзитетскиот професор Џона Малреј, чијшто живот се превртува наопаку кога дознава дека неговата сопруга, која била на висока меѓународна позиција, загинала во сообраќајна несреќа на планински пат кај Хонгконг. Џона седнува во авион за Хонгконг и оди да го идентификува телото. Сам во целосно нова и непозната средина, опкружен со локални полицајци кои работат премногу за премалку пари, Џона открива дека несреќата воопшто не е таква каква што изгледа.

Меган водела опасен двоен живот поради кој се вплеткала во матни деловни зделки. Мрежата од заговори се шири и продлабочува со секој нов доказ што упатува на убиство.

Премиерата од британската криминалистичка серија Странци (Strangers) гледајте ја на Pickbox NOW!