Спаси ме и мене (Save Me Too)втора сезона на напнатиот трилер!

Лени Џејмс се враќа во втората сезона на критички фалената крими серија Спаси ме и мене (Save Me Too)  премиерно ќе достапна на Pickbox NOW.

Серијата  Спаси ме (Save Me) е добитник на наградата за најдобра драмска серија во 2019 година, а нејзиниот творец, сценарист, режисер и главен актер Лени Џејмс (Line of Duty, The Walking Dead, Fear the Walking Dead) е добитник на наградата за најдобар драмски писател.

Во шесте нови епизоди, Лени Џејмс се враќа во улогата на Нели Роу, очаен татко кој е во потрага по својата исчезната ќерка. Неговата потрага би можела да има страшни последици.

ШТО ОЧЕКУВАМЕ ВО ВТОРАТА СЕЗОНА

Втората сезона на интелигентниот трилер ни носи комплексно дејство, шокантни пресврти и длабоки емоции.

Поминаа 17 месеци откако Нели ја спаси ранливата млада жена Грејс додека ја бараше својата исчезната ќерка Џоди. Може ли Грејс да помогне да се откријат трагите за судбината на Џоди или само ќе ѝ одмогне на потрагата на Нели по ќерка му – тоа е прашањето со коешто се занимава втората сезона на напнатата трилер серија.

ВО ШТО Е ТАЈНАТА?

Освен одличното сценарио за коешто Џејмс освои награда за најдобар сценарист, мора да се спомне и одличната актерска постава. Покрај Лени Џејмс во останатите улоги се Суран Џоунс како мајката на Џоди, Клер,  Стивен Греам како најдобриот другар на Нели, Мелон, како и Оливија Греј како Грејс.

Успешноста на серијата лежи во фактот дека Џејмс го собра веќе познатиот продукциски тим со кого работеше на крими серијата На должност (Line of Duty).

Двете сезони на критички фалената серија Спаси ме (Save me)  гледајте ги на Pickbox NOW!