Возбудлив израелски трилер

Градот на азилантите (Asylum City)

Pickbox NOW носи многу интересна криминалистичка серија – се работи за израелската серија Asylum City. Оваа криминалистичка серија се заснова врз бестселер романот од писателот Лијада Шоман, а целата прва сезона е достапна за гледање на Pickbox NOW.

ВО ЗАДНИНАТА Е УБИСТВОТО НА ЕДНА МЛАДА АКТИВИСТКА

Дејствието се одвива во Тел Авив, во светот на имигрантите кои бараат азил, оние што сакаат да им помогнат и оние што сакаат да ги искористат. Приказната се врти околу една млада активистка која е најдена мртва. За нејзиното убиство главен осомничен е Габриел, сликар и имигрант од Африка кој е виден како излегува од нејзиниот стан.

Полициската детективка Анат Ситон (Хани Фурстенберг) води истрага за убиството на активистката и смета дека Габриел нема врска со убиството. Анат набргу открива комплексен свет на корумпирани политичари, организиран криминал и незаконска трговија со оружје. Обидувајќи се да го најде убиецот, таа станува закана за силите кои се поголеми и посилни од неа самата.

UZBUDLJIV TRILER – ВОЗБУДЛИВ ТРИЛЕР

Градот на азилантите (Asylum City) е возбудлив трилер што ја открива имигрантската страна во јужен Тел Авив во кој се наоѓаат најконтроверзните имигранти кои бараат азил во Израел. Серијата е снимена на вистинска локација, а претставува карактеризација на кратки и силни сцени кои често се снимани ноќе. Оваа криминалистичка серија е ефективна и моќна и ги открива социјалните, политичките и правните механизми и поставува етички прашања преку главните протагонисти.

Целата прва сезона од израелската криминалистичка серија Градот на азилантите (Asylum City) гледајте ја на Pickbox NOW!