Вистината за случајот Хари Кеберt

5 причини за гледање на новата мистериозна серија

Вистината за случајот Хари Кеберt (The Truth About the Harry Quebert Affair)  е нова американска мини серија што ќе се емитува премиерно од 19 јануари на Пикбокс. Оваа мистериозна серија од 10 епизоди може да се пофали со познати личности во главните улоги – Патрик Демпси (Вовед во анатомија) како Хари Кебер, потоа, Бен Шнецер, Дејмон Вајанс Јуниор и Вирџинија Медсен.

  1. Нова серија на Патрик Демпси

Две години по заминувањето од прочуената медицинска серија Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy), Мекдрими, односно привлечниот актер Патрик Демпси се враќа во светот на сериите. Неговото враќање го обележува серијата што визуелно, драматуршки и жанровски е сосема поинаква од сериите на кои сме навикнати. Затоа сме љубопитни да видиме како Патрик ќе се снајде во нешто сосема поинакво!

  1. Извонреден актерски тим

Покрај Патрик Демпси, актерскиот тим го сочинуваат брилијантни млади актери. Се истакнува шармантниот Бен Шнецер во улога на младиот писател Маркус Голдман од чијашто перспектива го следиме дејствието. Маркус е на страната на Хари и се обидува да му помогне. Тука се и Дејмон Вајанс Јуниор (New Girl, Happy Endings) во улогата на Пери Гахаловуд, како и славната актерка Вирџинија Медсен (Candyman, Red Riding Hood) во улогата на Тамара Квин.

  1. Се темели на популарна книга

Серијата се темели на прочуениот мистериозен роман со ист наслов од швајцарскиот писател Жоел Дикер. Романот е издаден во 2014 година на француски јазик и е продаден во повеќе од милион примероци – така го надминува и “50 нијанси сиво” и станува бестселер во земјите од француското говорно подрачје. Откако е преведен на 32 јазика, романот Вистинатта за случајот Хари Кебер е продаден во повеќе од три милиони примероци.

  1. Мистериозна приказна

Во возбудливата серија го следиме младиот писател Маркус Голдман (Бен Шнецер) кој заради недостиг на инспирација оди да го посети славниот писател и иконата за младите генерации Хари Кебер (Патрик Демпси). Но, мистеријата настанува кога Маркус неочекувано дознава дека Хари е обвинет за убиството на 15-годишната Нола Келерган, којашто исчезнала триесетина години порано.

  1. Скандалозни пресврти

Заедно со телото на Нола е пронајдена и најпознатата книга на Кебер, љубовната приказна Потеклото на злото (The Origin of Evil). Се поставува прашањето дали Нола и Кебер биле во врска, и ако биле, дали заради тоа Кебер станува еден од главните осомничени? Возбудливата мрачна приказна со предизвици и скандалозни пресврти ќе ве вовлече во мистериозниот свет на Хари и ќе ве држи во неизвесност, од епизода до епизода.