На место, спремни, гледај!

Како да се преживее „Blue Monday“? Pickbox NOW има идеја!

Наполнете се со позитива за викендот со потполно бесплатен Pickbox NOW!

Долготрајно, тмурно и мрачно време, деловни обврски по годишниот одмор за кој веќе не сме ни сигурни дека сме го имале и погледот на сметката во банка што нѐ потсеќа дека баш добро сме се забавувале… Понекогаш поубаво ни е под ќебе и да не излегуваме оттаму. Зошто да не?

Претстојниот магловит и дождлив викенд е идеален за добри филмови и серии, а Pickbox NOW ви подарува викенд во којшто ќе соберете сили и ќе создадете отпорност за сé што ќе ни донесе „Blue Monday“.

Најдепресивниот ден во годината доаѓа во понеделник, на 20 јануари, што ви остава доволно време за добро да се одморите и безболно да го пребродите.

Пикнете се под јорган и уживајте во маратонот од филмови и серии на Pickbox NOW, од денес до понеделник– сосема бесплатно! Регистрирајте се на официјалната страница на Pickbox NOW и уживајте во изборот од криминалистички серии, драми и трилери, но и поведри комедии и романтични филмови, како и серии со коишто не можете да останете само на првата епизода.

Серии што не сакате да ги пропуштите:

  • Моќ (Power): Криминалистичка драма која се одвива во два различни света, во гламурозната њујоршка клупска сцена и во бруталниот свет на трговијата со дрога.
  • Најдете го Шорти  (Get Shorty): Мрачната комедија, делумно заснована на истоимен роман, а потоа и на филм од деведесеттите, претставува приказна за платениот убиец од Невада, Мајлс Дали, кој се обидува да стане филмски продуцент во Холивуд.
  • Младиот врколак  (Teen Wolf)   : Скот Мекал е обичен тинејџер, малку несмасен и повлечен, бидејќи боледува од астма и живее со самохрана мајка. Една вечер го напаѓа некое чудно суштество, а пријателот на Скот, Стајлс, прв ќе сфати дека момчето се претвора во врколак..
  • Животот во ЛА  (The LA Complex)  : Шестмина млади и талентирани уметници, кои се обидуваат да се пробијат меѓу холивудската елита, се вселуваат во евтиниот модел “Делукс Сутс”, попознат како “Лукс” во Лос Анџелес.
  • Враќање во живот  (Back to Life): Мири Матесон се враќа во родното гратче за да започне нов живот по 18 години во затвор, но открива дека многу работи се промениле.

Филмови што ќе ве насмеат и/или инспирираат:

  • Бегство од Шошенк (Shawshank Redemtion)   : Мирниот банкар Енди е осуден на доживотна казна поради двојно убиство што не го извршил. Во затворот се спријателува со долгогодишниот затвореник Ред.
  • Кажи кога (Laggies) : Меган почнува да панички кога нејзиното момче ја запросува, па цела недела се крие кај својата нова пријателка, 16-годишната Аника, која живее со својот татко.
  • Славни: Reporter zadužen za trač-rubriku o slavnima ne očekuje previše uzbuđenja, no ubrzo se nađe usred nezaboravne priče o divljoj strani slave i bogatstva.
  • Дон Џон: Џон Мартело е успешен заводник кој секоја вечер успева да освои згодна девојка. Но, ни најдобрите едновечерни врски не го усреќуваат како порнографијата.
  • Најлоша ноќ во животот  (Walk of Shame): Меган добива можност да работи за една голема телевизиска мрежа, но се чини дека мрежата сепак одлучила да земе некој друг, а ја оставило и момчето….
  • Болничарката Бети (Nurse Betty): Додека Бети гледа епизода од својата омилена емисија, нејзиниот сопруг е застрелан пред нејзините очи. Поради траумата има психолошки проблеми, па станува „болничарката Бети“, изгубената љубов на главниот лик од серијата, д-р Равел, кому е решена да му се врати.

Најдепресивниот ден во годината не мора да биде депресивен – ако се подготвите добро! Поминете го магливиот викенд со Pickbox NOW, опуштајќи се со забавни, но и култни филмови и серии – потполно бесплатно!