Кој е убиецот: сопругата, собарката или свештеникот?

Препознатливата британска смисла за мистерија, драма и криминал е достапна на Pickbox NOW

Велика Британија е специфична по многу работи, но само британските детективски серии успеваа да ги задржат гледачите пред малите екрани со секоја нова епизода. Таинствените убиства, неочекуваните заплети и необичните ликови сместени во често мрачна и дождлива средина, ги претвораа гледачите во детективи кои се обидуваат да сфатат кој е убиецот заедно со легендарните детективи како што се Херкул Поаро, инспекторот Морз, Џек Фрост и многу други.

Сите сезони на британските детективски серии обвиени со превез на тајна се достапни на Pickbox NOW!

Поаро (Agatha Christie’s Poirot)

Обидете се да решите дел од најневеројатните злосторства со најпопуларниот детектив на сите времиња – Поаро, кого го глуми феноменалниот актер Дејвид Сашет! Сите 13 сезони на безвременската детективска серија Поаро (Agatha Christie’s Poirot) се достапни на Pickbox NOW.

Инспектор Морз (Inspector Morse)

На топ-листата на 100-те најдобри британски серии на сите времиња, Инспектор Морз се наоѓа на 42 место. Во главната улога е Џон Тоу, во улогата на инспекторот Морз, а актерот рекол дека ужива во тоа што неговиот лик е сосема поинаков од Поаро. Имено, иако е брилијантен, Морз нема секогаш право, често знае да уапси погрешен човек или нешто погрешно да заклучи. Сите 12 сезони од детективската серија се достапни на Pickbox NOW.

Фростовиот пристап (A Touch of Frost)

Една од долговечните и брилијантни серии на телевизија, Пристапот на Фрост се темели на романите на писателот Р. Д. Вингфилд. Во главната улога е Дејвид Џејсок како Џек Фрост, искусен и посветен детектив кој често има проблеми со своите надредени. Сите 15 сезони на детективската серија се достапни на Pickbox NOW.