Британската драмска криминалистичка серија

Спаси ме

Британската драмска криминалистичка серија Спаси ме“ (Save Me) е добитничка на наградата на Кралското телевизиско здружение, за најдобра драмска серија во 2019 година. Нејзиниот создавач, сценарист, режисер и главен актер, Лени Џејмс(Line of Duty, The Walking Dead, Fear the Walking Dead) е добитник на наградата за најдобар драмски писател.

ОДЛИЧНИ ЛИКОВИ

Спаси ме е поинаков вид трилер кој се гради околу одлични ликови. Главниот лик е Нели (Лени Џејмс) кој оди во потрага по својата исчезната ќерка, Џоди, која речиси никој не ја видел. Но, Нели не е детектив, тој е само обичен човек со многу маани. Нели е еден од оние ликови за кои имате впечаток дека го познавате. Како веќе некаде да сте го виделе во маало, во автобус, во локална кафеана. Тој е женкар, невработен е, многу пие и често оди во кафеана. И баш во таа „обичност“ лежи моќта на неговиот лик неговата комплексност и длабочина.

Со Нели, тука е и неговата бивша жена и мајка на Џоди, Клер, која ја игра одличната актерка Сарен Џонс. Клер се развела од Нели и има нов маж и нов живот, целосно поинаков од оној што го имала со Нели. Кога исчезнува Џоди, а нејзиниот поранешен сопруг, Нели, станува еден од осомничените, таа е присилена да се врати во својот стар живот.

ОРИГИНАЛЕН ТРИЛЕР

Спаси ме е трилер кој ќе ве однесе на многу непријатни места во фокусот е киднапирањето на едно 13-годишно девојче. Настаните се интензивни и понекогаш изгледаат неверојатно, но ликовите се особено силни и добро направени, па со леснотија ќе ве вовлечат во приказната. Оригинално и свежо.

Впуштете се во нова авантура со Лени Џејмс и откријте зошто Спаси ме е прогласена за најдобра криминалистичка серија во 2019 година. Целосната прва сезона на оваа интелигентна и оригинална серија е на Pickbox NOW!