објавено: 7 декември 2020.

Божик на Pickbox NOW–создајте незаборавни

празнични мигови со најубавите филмски наслови 

Празничната атмосфера на Pickbox NOW е преполна со омилените филмови, идеални за создавање топла зимска магија. Препуштете му се на филмскиот божиќен дух на Pickbox NOW и со своите најмили уживајте во празничната оаза на најволшебното време на годината!

Божиќ на шкотските планини  (Christmas in the Highlands) е романтична класика која ќе ви ја долови омилената филмска идила. Приказната ја следи Блер, експертка за парфеми од Њујорк, којашто деловните прилики ќе ја одведат во далечната Шкотска за да најде едно ретко издание од еден особено баран парфем. Меѓутоа, неочекувано, покрај деловните обврски, Блер полека наоѓа и љубов.

Симпатичната комедија Божиќно помирување  (A Christmas Reunion) ја следи Денис Ричардс како Ејми во главната улога, која по смртта на својата тетка се враќа во родниот град за да ја исполни нејзината желба и повторно да ја отвори слаткарницата. На тој пат, Ејми се среќава со својата средношколска љубов со која заедно го организира 50-от по ред фестивал на колачите.

Семејната комедија  Божиќна спогодба (The Christmas Clause) следи една адвокатка и мајка на три деца која замислува како би изгледал нејзиниот живот ако наместо мајчинството ја одберела адвокатската кариера без деца. Откако се остварува нејзината желба, Софи почнува да сфаќа дека тревата не е секогаш позелена од другата страна.

Снимен според романот на Џејсон Рајт,  Божичќни тегли (Christmas Jars) е филм чие дејствие ќе ве остави без здив. Приказната се врти околу новинарката Хоуп Џенсен, која ја открива тајната зад теглите со пари што анонимно им се подаруваат на тие што им се најпотребни.

Топлата романтична приказна  Божиќен овчар (The Christmas Shepherd) се врти околу една вдовица и авторка на детски книги Сели. По смртта на нејзиниот сопруг, Сели останува со германскиот овчар Бади кој исчезнува за време на една бура. Во потрагата по своето сакано куче, Сели случајно наоѓа и нешто друго.

Pickbox NOW ви посакува убави и незаборавни празници во кругот на најблиските, со еден куп омилени божиќни филмови!