Pickbox NOW овозможи неограничени содржини за целиот регион

Бесплатни содржини до следното известување

Почната кампањата „Спаси го светот од каучот“

Регионалниот сервис за стриминг Pickbox NOW преку официјалните профили на Facebook и Instagram упати апел за солидарност, одговорно однесување и помош за општеството до поединци и фирми.

За да дадат мал придонес во оваа неочекувана ситуација, овозможено е бесплатно користење на услугата Pickbox NOW. Сите серии, филмови и документарни емисии се достапни неограничено на територија на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора.

За пристап до сите содржини од понудата доволна е само регистрација на www.pickbox.tv или апликацијата Pickbox NOW.

Pickbox NOW почна кампања на друштвените медиуми „Спаси го светот од каучот“ со која укажува на важноста на останувањето на граѓаните во своите домови додека трае актуелната глобална и здравствена криза.

Преку официјалниот профил на Instagram, Pickbox NOW ги повикува граѓаните да објавуваат фотографии и story на Instagram користејќи #спасигосветотодкаучот.