Бесконечна милост

Новата нео-ноар серија

Нео-ноар, жанр на криминалистички филмови и серии со мрачен заплет

Бесконечна милост, нео-ноар трилер со оскаровецот Бен Кингзли (Ганди, Лаки намбер севин, Ајрон мен 3) во главната улога е новата серија на Pickbox NOW, која не сакате да ја пропуштите. Критичарите ја опишуваат како единствена, необична со блескава актерска постава, која ја предводи Бен Кингзли. Серијата, низ десетте епизоди, ја одликуваат импресивни сцени и неочекувани задоволства, а на Пикбокс нау доаѓа на 3. април.

ЅВЕЗДЕНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Покрај наградуваниот глумец Бен Кингзли, ѕвездената актерска постава на новата нео-ноар трилер серија ја сочинуваат Џими Симпсон (Ит ис олвејс сани ин Филаделфија, Хаус оф кардс, Вестворлд), Луис Гузман (Хау то мејк ит ин Америка, Наркос), Дејмон Херимен (Мајндхантер), Крис Конрад (Патриот) и Џеки Вивер (Силвер лајнингс плејбук).

ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР?

Серијата се одвива во Њу Мексико, каде го следиме Џејмс (Џими Симпсон), кој го запознава магионичарот Пол (Дејмон Херимен), син на пасторот Бајрон (Бен Кингзли). Пол не е во добри односи со татко му, особено зашто татко му, пасторот,  мрази магија.

Затоа Пол кова пеколен план и го наговорува Џејмс да му ги украдат парите на татко му, кој ги крие во фирмата под името Бесконечна милост ДОО. Но, пасторот е многу поопасен отколку што очекува Џејмс. Почнува нивната игра на надмудрување, што ќе ја комплицираат и останатите чудни и интересни ликови.

СПАСИ ГО СВЕТОТ ОД КАУЧ

За да ѝ дадеме мал придонес на заедницата во оваа неочекувана ситуација, Пикбокс нау овозможи бесплатно користење на услугите на ниво на регионот. Сите серии, филмови, и документарни емисии се достапни неограничено.

Затоа, гледај ја новата нео-ноар серија Бесконечна милост, ДОО на Pickbox NOW и спаси го светот од кауч!

Видеотеката на Pickbox NOW е достапна и во рамките на МАКСТВ, Андроид ТВ, мобилната апликација Пикбокс и www.pickbox.tv