Агата Кристи: Убиства по азбучен ред

Зад убиецот останува само возниот ред на возовите...

Славниот детектив Херкул Поаро лови еден сериски убиец кој ги убива жртвите по азбучен ред, а на секое место на злосторство го остава само возниот ред на возовите…

Тоа е почетокот на бруталната приказна за насилството и лагите од неприкосновената кралица на криминалистички романи, Агата Кристи, во адаптација на сценаристката и продуцентка Сара Фелпс, каде што Поаро мора да ги преиспита сопствениот интегритет и сопственото минато за да фати еден убиец.

Само на Pickbox, од 18 јануари, следете ја оваа шокантна кратка серија од мајсторката на криминалистички романи, „Убиства по азбучен ред“, што воедно е и насловот на нејзината класика објавена во 1936 година.

Во серијата „Агата Кристи: Убиства по азбучен ред“ („The ABC Murders“) играат Руперт Гринт и Тара Фицџералд, а најголемо изненадување е тоа што улогата на Херкул Поаро ја игра никој друг туку Џон Малкович!

„Ова е една сосема поинаква Агата Кристи. Бруталноста и грдотијата можеби не се првите два збора на кои помислувате кога некој ќе ви ја споменат. Но оваа серија е навистина непријатна и мрачна. И мислам дека тоа е добра работа“, изјави Сара Фелпс, без чија фасцинантна адаптација би било невозможно актер од калибарот на Џон Малкович воопшто да биде заинтересиран за улогата на Херкул Поаро.

„Не сум стручњак за романите на Агата Кристи, а според моето искуство, ако многу добро познавате роман според кој се заснова некоја серија или некој филм, тоа може да биде само проблем. Затоа мислам дека е избор на Сара Фелпс што ќе нагласи а што не. Поаро е некој што живеел во Англија веќе 20 години кога нашата приказна почнува. Мислам дека тоа е важно на многу нивоа“, рече Малкович, кој се најде во улога на еден малку поинаков Поаро отколку што се имаат навикнато неговите обожаватели.

„Поаро е на крајот од својот живот и по малку е заборавен. Тука се работи за одлични карактерни улоги и, секако, за добро сценарио.“

Руперт Гринт, кој го игра Кром, најмногу е познат по филмскиот серијал „Хари Потер“. Тој бил воодушевен кога дознал со кого ќе го споделува времето на работа.

„Бев многу возбуден кога дознав дека Џон Малкович ќе ја игра улогата на Поаро. Јас сум негов долгогодишен обожавател. Тој има квалитети на мистичен лик и навистина не знаев што да очекувам од него на снимањето, но беше одлично. Кога првпат снимав со него, не можев да остварам контакт со очите затоа што бев многу возбуден. Неверојатен е. Самата негова присутност создава посебна атмосфера во собата. Тој е самоуверен и секогаш знае каде е камерата, држи сѐ под контрола и тоа е восхитувачки за гледање.