Авантуристичка канадска драмска серија

Арктички воздух (Arctic Air)

Арктички воздух е нова канадска авантуристичка драмска серија на Pickbox NOW. Во серијата следиме едно неконвенционално семејство што води една воздушна линија на Арктикот.

НЕКОНВЕНЦИОНАЛНО СЕМЕЈСТВО ШТО ВОДИ ВОЗДУШНА ЛИНИЈА

Драматичните мисии, како и меѓусебните односи помеѓу ликовите се во фокусот на оваа авантуристичка драмска серија. Секоја епизода покрива една или повеќе летачки мисии кои одлично им контрираат на секојдневните предизвици со кои се среќаваат интересните ликови.

Сопственици на компанијата се стариот пилот Мел Ајварсон, неговата ќерка Криста, како и Боби, синот на поранешниот партнер на Ајварсон кој починал. Дејствието почнува така што Боби, по 10 години живот во Ванкувер, се враќа во својот роден град Јелоунајф за да склопи зделка за својата компанија. Но кога дознава дека воздушната линија што ја основал татко му е на работ на банкрот, тој се соочува со тешка одлука – да остане и да ја спаси компанијата или повторно да се врати во големиот град. Поради тоа што одлучува да остане, Боби мора да работи со Мел Ајварсон и неговата убава ќерка Криста. Заедно секојдневно ќе доживуваат многу авантури управувајќи со авионите над Арктикот.

Влезете во арктичкиот свет и летајте над Арктикот со семејството Ајварсон– „Арктички воздух“ гледајте ја веднаш на Pickbox NOW!