Жанр: Aнимирани

Година: 2008.

Актери: Ben Burtt, Elissa Knight, Jeff Garlin

Продуцент: Andrew Stanton

Disney

Во 2015 година, мегакорпорацијата "Бај ен ларџ"ја евакуира планетата Земја поради огромните количини отпад што се создале поради преголемиот консумеризам, а зад себе ги оставаат роботите Вол-и, кои имаат задача да ја исчистат. Откако се откажуваат од планот за враќање, тие ги исклучуваат роботите, од кои останува само еден, кој во следните 700 години се одржува сам и со текот на времето развива свест. Вол-и продолжува редовно да чисти и собира човечки предмети кои му се интересни и се дружи со својот пријател лебарката. Еден ден наоѓа никулец од трева. Подоцна пристигнува вселенски брод од кој слегува Ив, непријателски настроена истражувач-робот, во која Вол-и веднаш се вљубува. Со текот на времето таа малку омекнува и тие двајца се спријателуваат, па Вол-и ѝ ја покажува својата збирка од собрани работи, помеѓу кои е и пронајдениот никулец...

ГЛЕДАЈ ВЕДНАШ