Жанр: Научна фантастика

Година: 1982

Актери: Jeff Bridges, Bruce Boxleitner, David Warner

Продуцент: Steven Lisberger

Disney

Софтверскиот инженер Кевин Флин ја напуштил компанијата "Енком"откако неговиот колега, Ед Дилинџер, преку измама, ги добил заслугите за успешната видеоигра на Кевин. Кевин се обидува да влезе во системот на "Енком"за да обезбеди докази за тоа, но не успева поради програмата за вештачка интелигенција што ја дизајнирал Ед. Програмата излегува од контрола и планира да ги преземе главните системи на Пентагон и на Кремљ, а кога Ед се обидува да ја спречи, му се заканува дека ќе го открие неговиот плагијат на идеите на Кевин. Поранешната девојка на Кевин, Лора и колегата Алан го предупредуваат Кевин дека Ед знае за неговите планови, но тој ги убедува да го внесат во "Енком"каде што вештачката интелигенција со експериментален ласер го вовлекува во виртуелниот свет...

ГЛЕДАЈ ВЕДНАШ