ТАЈНИ И ЛАГИ

Secrets and Lies

ТАЈНИ И ЛАГИ

Secrets and Lies

Достапни сезони: 1 | 2

Жанр: Криминалистички

Година: 2015. -

Актери: Ryan Phillippe, Juliette Lewis, KaDee Strickland

Продуцент: Barbie Kligman

ABC Studios

Кога Бен Крафорд во текот на утринското трчање го наоѓа телото на синот на неговиот сосед, по многу кратко време од добро момче станува осомничен за убиство. Неговиот случај ѝ припаѓа на детективката Корнел, темелна истражувачка која цело време наоѓа дупки во неговата приказна и бара примерок од ДНК. Медиумите почнуваат да го прогонуваат, новинарите му ја обиколуваат куќата, што само дополнително го нарушува неговиот и онака веќе кршлив брак. Соседите почнуваат да го гледаат како убиец, а неговата ќерка тинејџерка почнуваат да ја малтретираат преку социјалните мрежи. Животот на Бен одеднаш се превртува наопаку и колку повеќе тој се бори да ја докаже својата невиност толку повеќе луѓето се прашуваат дали ќе може тоа да го направи.

ЗАНИМЛИВОСТИ

Серијата Тајни и лаги е снимена по матрицата на истоимената австралиска мини серија од 6 епизоди

Ryan Philippe и Juliette Lewis претходно заедно глумеа во филмот Погрешен потег (The Way of the Gun)

Улогата на Juliette Lewis во австралискиот еквивалент ја глуми машкиот глумец Anthony Hayes

ГЛЕДАЈ ВЕДНАШ