ПРЕМИЕРА НА 3. СЕЗОНА

Достапни сезони: 1 | 2 | 3

Жанр: Драма

Година: 2014. -

Актери: Elyes Gabel, Katharine McPhee, Eddie Kaye Thomas

Продуцент: Nick Santora

CBS

Инспирирана од вистинита приказна, оваа енергична драма е приказна за ексцентричниот гениј, Волтер О'Брајан и за неговиот тим од брилијантни неприлагодени поединци кои заедно ја прават последната линија на одбраната против сложените високотехнолошки закани на модерното време. Во тимот на О'Брајан, „Скорпион“, се Тоби Кертис, стручњак за однесување кој може да прочита секого, Хепи Квин, гениј за механика, и Силвестер Дод, гуру за статистика. Нивното широко познавање на технологијата со чијашто помош ги решаваат и најзаплетканите ситуации, го воодушевило сојузниот агент Кејб Гало, кој споделува лошо минато со О'Брајан. Колку и да се чувствуваат пријатно членовите на тимот еден со друг, тие тешко се снаоѓаат во надворешниот свет, па зависат од Пејџ Динин, која има помлад надарен син кој им помага да го разберат. Овие бубаторски гении всушност имаат идеална работа, место каде што можат да ги користат своите развиени мозоци за да решаваат национални кризи додека истовремено си помагаат меѓусебно за полесно да се прилагодат во светот.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ