ФИНАЛЕ НА 4. СЕЗОНА OD 4.9.

Достапни сезони: 1 | 2 | 3 | 4

Жанр: Криминалистички

Година: 2014. -

Актери: Omari Hardwick, Joseph Sikora, Lela Loren, Naturi Naughton, 50 Cent

Продуцент: George Tillman Jr.

STARZ

Криминалистичка драма која се одвива во два различни света, во гламурозната њујоршка клупска сцена и во бруталниот свет на трговијата со дрога. Џејмс Сент Патрик, викан Дух, има сѐ: преубава сопруга, прекрасен стан на Менхетен и популарен нов њујоршки ноќен клуб. Во неговиот клуб „Вистина“ се собира елитата, славните фаци во градот кој никогаш не спие. Додека неговиот успех расте, растат и плановите на Џејмс да создаде царство. Но, „Вистина“ всушност крие една грда реалност, имено, дека е параван за профитабилната мрежа за продажба на дрога што ја создал Џејмс и која ги опслужува само моќните и богатите. И додека го привлекува идејата за легален бизнис, во опасност се доведува сѐ што му е мило. Кога еднаш ќе се најдеш внатре, можеш ли некогаш да се извлечеш?

ЗАНИМЛИВОСТИ

Сите главни актери, вклучително и 50 Сент морале да потпишат договор за голотија кој вели дека нема да има противење при снимањето на такви сцени

Обожавателите на 50 Сент можат од раперот да очекуваат уште интересни серии затоа што со „Старз“ потпишал двегодишен договор што го обврзува на нови проекти

Авторката на серијата Кортни Кемп Агбо е позната и како продуцентка на хит-серијата „Добра жена“ (The Good Wife)

ГЛЕДАЈ ВЕДНАШ