Жанр: детски, анимирани

Година: 1995.

Актери: Mel Gibson, Linda Hunt, Christian Bale

Продуцент: Mike Gabriel, Eric Goldberg

Disney

Група британски истражувачи, на чело со алчниот гувернер Џон Ратклиф и храбриот војник Џон Смит, во 1607 година се упатува во Новиот свет, во потрага по злато и други богатства. Во меѓувреме, во Вирџинија, убавата Индијанка Покахонтас, ќерката на поглаварот Поухатан, размислува што да прави со својот живот. Дали да се омажи за Кокум, воинот што ѝ го одбрал нејзиниот татко или можеби судбината има други планови за неа? Таа одлучува да побара совет од своите верни пријатели, ракунот Мико, колибрито Флит и од една врба стара 400 години во која има мистичен дух...

ЗАНИМЛИВОСТИ

Првиот филм во кој Мел Гибсон пее

„Покахонтас“ е еден од двата анимирани филма на „Дизни“, инспириран според вистинит настан, вториот е „Мулан“

Аниматорите кои работеле на филмот рекле дека тоа им бил еден од најтешките филмови што ги направиле поради комплексните бои, изрази на лицето и музиката, филмот бил во продукција пет години

ГЛЕДАЈ ВЕДНАШ