Изјава за приватноста

Оваа интернет-страница, како и големото мнозинство од другите страници, користи платформи за собирање податоци за да обезбеди подобро корисничко искуство како прилагодување на содржината, но и заради маркетиншки активности.
Со користењето, посетувањето и прегледувањето на овие интернет-страници ги прифаќате и се согласувате со нашите практики опишани подолу.
Сите податоци што ги собираме се чуваат на сигурно место, достапни му се само на делот од вработените на кој му се неопходни за извршувањето на деловните активности и не се продаваат на трети страни.
Податоците што ги собираме преку платформите како Google Analytics или Google AdWords се анонимизирани, што значи дека не ги спојуваме личните податоци со другите параметри (на пример, Вашето име и презиме со другите податоци што се однесуваат на користењето на нашите услуги). Во случај поставките на Вашата конфигурација да се поставени на начин да одбивате собирање на определени податоци, податоците нема да се собираат и да се чуваат (на пример, блокирање на колачиња). Во случај да сте ја одбрале таквата опција, не гарантираме оптимално корисничко искуство.
Го задржуваме правото да ја следиме Вашата интеракција со нас и да собираме податоци што се однесуваат на Вас и на Вашето користење на нашата услуга, вклучително, но не и ограничено, на Вашата активност на интернет, коресподенција, уредите и податоците за софтверот (на пример, оперативниот систем или интернет-прегледувачот).

Податоците што ги собираме се:
– Името и презимето, адресата за е-пошта и/или телефонскиот број – податоците можеме да ги користиме само во случај да ги наведете сами (на пример, преку формуларот за контакт или преку е-поштата);
– Колачиња / cookies / пиксели – автоматски ги собираме општите податоци како времето поминато на страниците, локацијата на корисникот, видот на уред. Колачињата и пикселите ги собираме преку Google Analytics, Google AdWords и/или платформата на Facebook.
Податоците што ги собираме ги користиме за:
– Интерно генерирање извештаи – корисничкото искуство ни е важно и поради истата причина постојано сакаме да ги унапредуваме нашите услуги;
– Прилагодување на содржината – барање информации за локацијата или поставки на конфигурацијата за да се прилагоди јазикот на интерфејсот и/или достапната содржина;
– Маркетиншки активности – собраните податоци ги користиме за огласување преку платформа /канал за огласување како билтен, Google AdWords, ремаркетинг на Google AdWords, Facebook и ремаркетинг на Facebook.

Доколку сакате Вашите податоци да се изземат од огласувачките мрежи на Google или на Facebook, посетете ги сопствените кориснички профили на наведените платформи и променете ги своите поставки што се однесуваат на огласувањето, огласувачките активности и споделувањето на Вашите податоци.
Ако имате некакви прашања или сакате Вашите податоци да се изземат од нашите бази (во случај кога е тоа можно), контактирајте со нас преку е-пошта: info@pickbox.tv

Ви благодариме што ги користите нашите услуги.